Амстердам

Опис на патувањето

6. Октомври (Петок) СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ                                                        

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 06.00 и слетува во 08.45 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Амстердам и сместување во хотел. Разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Новата Црква, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, Плоштадот Рембрант и Статурата на познатиот сликар, познатата улица Спигел, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт... Слободно време за прошетка низ градот, љубителите на уметноста можат да ги посетат музеите: Ријкс музејот кој е основан од братот на Наполеон (со делата на Рембрант и Вермер), Музејот Ван Гог со најголемата збирка на неговите дела. Ноќевање.

7. Октомври (Сабота) АМСТЕРДАМ - ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус. Тргнување на Големата Холандска Екскурзија со посета на Хаг и разглед на административната престолнина на Холандија. Парламентот, Палатата на мирот, Кралската палата, Шевенинген, сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите. Попатна посета на модерниот град Ротердам, познат по најголемото пристаниште во Европа и највисоката кула во Холандија – Евромаст. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

8. Октомври (Недела) АМСТЕРДАМ

Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА на традиционалното село Zaanse Schans, колевка на европската економија, со познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење... Патот продолжува за Volendam, рибарско гратче на езерото ЕЈ. Враќање во Амстердам.

Препорачуваме посета на фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во вечерните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.

9. Октомври (Понеделник) АМСТЕРДАМ – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09.15 часот. Пристигнување во Скопје во 11.50 часот на аеродромот Александар Велики.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација Скопје–Ајндховен-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Организиран трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром
  • Сместување во Хотел Blue Square 4* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Амстердам
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 3.990 денари
  • Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.100 денари
  • или Багаж за чекирање (1 куфер со максимум 23 kg) 3.800 денари
  • Голема Холандска Екскурзија 75 евра
  • Мала Холандска Екскурзија 55 евра
  • Крстарење по каналите 17 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Туристичка такса 3 евра на ден се плаќа во Агенција
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари
  • Доплата за еднокреветна соба 10.000 денари

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Краков

Аушвиц, Биркенау

Стразбур

Колмар, Алзас, Шварцвалд

Будимпешта

Виена и Сент Адреа

Љубљана

Постојна, Трст, Блед