Атина

Опис на патувањето

29. Декември (Петок) СКОПЈЕ - АТИНА                                

Состанок  на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 18.00 часот. Тргнување за Атина во 18.30 часот. Се патува преку граничен премин Богородица – Евзони со попатни паузи. Ноќно  возењe.

30. Декември (Сабота) АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативно препорачуваме посета на таверна на Плака. Ноќевање.

31. Декември (Недела) АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција - Епидаурус, Микена - Античкиот град. Можност за ручек во таверна во Микена. Враќање во хотел. Вечерта, дочек на Новата 2018 година на плоштадот Синтагма или факултативно новогодишна вечера во таверна на Плака со богата музичка програма и мени од грчката кујна.

01. Јануари (Понеделник)    АТИНА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултатитвна полудневна посета на пристанишното место Пиреја и Сунион, најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде што може да се види Храмот посветен на богот на морето Посејдон. На враќање прошетка покрај најпознатите монденски летувалишта, Глифада и Вула. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови

Во цената на аранжманот е вклучено

За уплата до 16 Декември цената е 99 евра

Редовна цена на аранжманот е 119 евра

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел Oscar 3* во Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • Разглед на Атина со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Факултативна посета на Пелопонез 25 евра
  • Факултативна Новогодишна вечера во Таверна
  • Вечера во Таверна со програма 35 евра 30.12.2017
  • Факултативна посета на Пиреја и Сунион 10 евра
  • Влезници за локалитетите и други факултативни посети
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Патничко-здравствено осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Салзбург, Грац, Загреб

Светот на Кристалите

Будимпешта

Сент Андреа

Рим

ТИВОЛИ И ВАТИКАН