Барселона

Опис на патувањето

4. Март (Недела) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 16.30 часот. Полетување за Барселона во 18.00 часот. Пристигнување во Барселона во 20.45 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

5. Март (Понеделник) БАРСЕЛОНА

Појадок. Организирано, панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал - главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Kатедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија - централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани, Шпанското село. Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите во Европа. Предлагаме шопинг во познатите шопинг центри Маре Магнум, Кор Ди Енглес. Враќање во хотел. Ноќевање.

6. Март (Вторник) БАРСЕЛОНА (Фигерас и Герона)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки. Преопрачуваме факултативна посета на Фигерас и Герона - целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и живеел, насекаде може да се забележи неговото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидна колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватни колекции на Дали од други уметници. Попатно, на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кое се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, Kатедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичните куќички на брегот на реката Onyar... Вечерта можност за организирана факултативна вечер со Фламенко. Враќање во хотел. Ноќевање.

7. Март (Среда) БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно предлагаме посета на стадионот Camp Nou, музејот на ФК Барселона - модерен интерактивен музеј со прекрасни аудио и визуелни приказни… Потоа, факултативно (5 часа), посета на паркот “Guell”- ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO, продолжуваме со посета на видиковецот - Тибидабо, кој нуди прекрасен поглед на градот. Посета на Шпанското село и слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродром во 19.00 часот. Во 21.20 часот полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во 23.55 часот.

 

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm со максимум 10kg)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во Хотел Euro Hotel Gran via fira 4* во Барселона база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Барселона
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 3.100 денари
  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 3.300 денари
  • Посета на Камп Ноу 30 евра (влезница и трансфер)
  • Посета на парковите Парк Гуел, Тибидабо, Шпанско село 50 евра
  • Посета на Гирона и Фигуерас 60 евра (водич, влезница и трансфер)
  • Аквариум 19 евра (вклучена влезница)
  • Фламенко шоу (вечера и пијалок или само пијалок) 45 евра
  • Туристичка такса се плаќа во хотел
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 лица со пријава во агенција.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Крф

Ипсос

Дубаи

Градот на раскошот

Шпанија

Италија, Франција

Андалузија

Бисерите на Шпанија