Брисел

Опис на патувањето

10. Март (Сабота) СКОПЈЕ – БРИСЕЛ

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 05.15 часот. Авионот за Брисел полетува во 07.00 и слетува во 09.50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до центар на градот и разглед. Брисел - градот познат по чоколадата, пивото и гастрономијата. Разглед на административниот центар на Европската Унија каде се наоѓаат Европскиот Парламент, Советот на Европската Унија, Кралската палата, Катедралата, Атомиумот - неверојатното архитектонско дело изградено за светската изложба Expo, фонтаната Манекен Пис... Сместување во хотел. Сободно попладне. Во вечерните часови можност за прошетка и запознавање на дел од знаменитостите во централниот дел на Брисел. Ноќевање.

11. Март (Недела) АНТВЕРПЕН – БРИЖ

Појадок. Целодневен факултативен излет до Антверпен и Бриж.

Антверпен се наоѓа во регионот Фландрија, во покраината Антверпен, сместен во северозападниот дел на Белгија, на брегот на реката Шелда. Еден од најголемите пристанишни центри во Европа и стопански центар на Белгија, своето име го добил по џинот Антигон кој живеел на брегот на реката Шелда. Разглед на градот: најголемата готска Kатедрала во Европа “Onze lievevrouwekathedral” украсена со ремек делата на Рубенс, Музејот за дијаманти, Grote Markt – старата чаршија во центарот на градот, музејот Платим - Моретус под заштита на УНЕСКO кој ја прикажува историјата на новите технологии и напредокот на модерниот човек, куќата - музеј на Петер Пол Рубенс, легендарниот сликар од барокната ера, музејот Руиен кој посетителите ги води во подземните канали на градот каде може да се види наследството на градот, зоолшката градина како една од најстарите во светот...

Патувањето продолжува кон Бриж, град кој го сметаат за еден од најубавите мали градови во Европа. Го нарекуваат "Венеција на северот", вистински скапоцен камен на овој дел од Европа, опкружен со живописни канали. Со неговата целосно зачувана готска архитектура, Бриж е под заштита на УНЕСКO. Разглед на градот: Главниот плоштад, Градското собрание, Црквата Пресвета Богородица... Слободно време за крстарење по каналите или дегустирање на познатите белгиски пива. Враќање во Брисел во вечерните часови. Ноќевање.

12. Март (Понеделник) ЛУКСЕМБУРГ

Појадок. Целодневен факултативен излет во Луксембург.

Големото Војводство Луксембург e земја богата со културни споменици и сликовити пејсажи, познато по старите дворци и палати, карпестата уметност (северниот дел Луксембург е богат со пештери исцртани со цртежи од праисторијата), подземни канали кои во Првата и Втората светска војна служеле како засолниште за десетици илјади граѓани. Денес дел од тие канали се подземни галерии и туристички атракции. Прошетка и запознавање на градот: старото градско јадро сместено на стрмен дел од градот, плоштадот Армс, градското Собрание, Војводската Палата, споменикот на кнегињата Шарлот, Катедралата... Враќање во Брисел. Ноќевање.

13. Март (Вторник) БРИСЕЛ – СКОПЈЕ

Организиран трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 10.20, пристигнување во Скопје во 13.00 часот на аеродромот Александар Велики.

За уплата до 20 Јануари цената е 349 евра

Редовна цена на аранжманот е 379 евра 

Во цената на аранжманот е вклучено

 

  • Авионски превоз на релација Скопје–Брисел-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm со максимум 10kg)
  • Организиран трансфер аеродром–хотел-аеродром
  • Сместување во Хотел 3* во Брисел на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Брисел
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 4.280 денари
  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 2.500 денари
  • Екскурзија Антверпен и Бриж 65 евра
  • Екскурзија Луксембург 65 евра
  • Туристичка такса 600 денари (се плаќа во агенција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко–здравствено осигурување 250 денари

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс
  • 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Барселона

Фигерас и Герона

Дубаи

Градот на раскошот

Andrea Bocelli

Загреб