Будимпешта

Опис на патувањето

28. Декември (Четврток)    СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата пред хотел "Holiday Inn" во 17.30 часот. Тргнување за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со попатни паузи. Ноќно возење.

29. Декември  (Петок) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич:

Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина...

Сместување во хотел. Предлагаме, факултативно крстосување со брод по Дунав, потоа факултативно, вечера во традиционална унгарска чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

30. Декември  (Сабота) БУДИМПЕШТА-ВИЕНА

Појадок. Можност за целодневна факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катердралата Св. Стефан и Штефанплац, Операта, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата “Вотив”, зимскиот дворец Хофбург... Можност да се проба виенска шницла во традиционален ресторан. Посета на шопинг центарот Пандорф. Враќање во Будимпешта во вечерните часови. Ноќевање.

31. Јануари  (Недела) БУДИМПЕШТА

Појадок. Можност да се почувствува новогодишната магија по познатите монденски улици во центарот на Будимпешта. Вечерта дочек на Новата 2018 година на плоштадот Матејас Пинц. Враќање во хотел. Ноќевање.

1. Јануари (Понеделник) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови. 

Во цената на аранжманот е вклучено

За уплата до 09 Декември цената е 159 евра

Редовна цена на аранжманот е 179 евра

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел Zuglo 3* во Будимпешта на база 3 ноќевања со појадок
  • Разгледување на Будимпешта со стручен локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Крстарење со брод по Дунав 15 евра
  • Посета на Сент Андреа 10 евра
  • Посета на Виена 35 евра (минимум 30 патници)
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици
  • Патничко - здравствено осигурување

Напомени

  • Доплата за 1/1 соба 4.650 денари
  • Деца до 6 години плаќаат 3.100 денари (без кревет), деца од 6 до 12 години имаат 20% попуст (дополнително легло). Попустите за деца важат само при сместување со две возрасни лица
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Рим

ТИВОЛИ И ВАТИКАН

Атина

Нова Година

Истанбул

Нова Година

Виена

Нова Година