Будимпешта

Опис на патувањето

07. Декември (Четврток) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок  на групата пред хотелот "Holiday Inn" во 17.30 часот. Тргнување за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

08. Декември (Петок) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови, потоа факултативно вечера во традиционална унгарска чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

09. Декември (Сабота) БИДИМПЕШТА – ВИЕНА – ПАРНДОРФ – БУДИМПЕШТА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативна посета на Виена: панорамско разгледување на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата „Вотив“, зимскиот дворец Хофбург. Слободно време. На враќање, посета на шопинг центарот Парндорф. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.

10. Декември (Недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Будимпешта со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Вечера во ресторан чарда 25 евра
  • Крстарење со брод по Дунав 15 евра
  • Посета на Виена и Парндорф 35 евра (минимум 30 патници)
  • Посета на Сент Андреа 10 евра
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици
  • Патничко - здравствено осигурување 200 денари
  • Доплата за еднкреветна соба

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 7 дена пред поаѓање
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Истанбул

Приказна од Ориентот

Атина

Нова година

Будимпешта

Виена и Сент Адреа

Софија

Нова година