Будимпешта

Опис на патувањето

7. Декември (Четврток) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Состанок  на групата на аеродромот Александар Велики во 13.45 часот. Полетување за Будимпешта со Wizz Air во 15.20 часот. Пристигнување во Будимпешта. Факултативно-задолжително, посета на живописното гратче Сент Андреа, во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архиктетура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

8. Декември (Петок) БУДИМПЕШТА

Појадок. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Будимпешта. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Сместување во хотел. Потоа, факултативно вечера во ресторан Чарда. Ноќевање.

9. Декември (Сабота) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Tрансфер до аеродром. Лет на Wizz Air за Скопје во 13.25 часот. Пристигнување во Скопје во 14.50 часот.

Во цената на аранжманот е вклучено

За уплата до 15 Ноември цената е 169 евра

Редовна цена на аранжманот е 199 евра

  • Авионски превоз на релација Скопје-Будимпешта-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 50х40х23cм и максимална тежина до 10kg)x
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во хотел Golden Park 4* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Будимпешта со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 2.100 денари
  • Багаж за чекирање (1 куфер до 20 kg) 3.400 денари
  • Вечера во ресторан Чарда 35 евра
  • Крстарење со брод по Дунав 15 евра
  • Посета на Сент Андреа 10 евра задолжително се плаќа во агенција
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици
  • Патничко - здравствено осигурување

Напомени

  • Доплата за 1/1 соба 4.300 денари
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Софија

Нова Година

Краков

Нова Година

Виена

Нова Година

Карневал во Венеција

Мурано, Бурано, Верона