Чинкве Тере

Опис на патувањето

12. Март ( Понеделник) СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок  на групата на паркингот спроти хотелот „Holiday Inn“ во 11:30 часот. Тргнување за Милано во 12:00 часот. Патувањето продолжува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење

13. Март (Вторник) МИЛАНО

Пристигнување во Милано во утринските часови. Запознавање со елитниот Милано, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модна престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Galleria Vittorio Emanuele што ги поврзува Катедралата Дуомо и една од најпознатите оперски куќи во светот, Миланската Скала, градската куќа на Милано... Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а, внатрешноста плени со толку многу луксуз и детали за восхит. Во средината на Галеријата е поставен плоштадот - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на гениталиите на бикот и се сврти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка... Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Препорачуваме посета на стадионот “Сан Сиро”... Сместување во хотел. Ноќевање.

14. Март (Среда) МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Околу Езерото, светскиот џет сет има свои вили и го поминува својот одмор. Тука се снимени и некои од подобрите филмски остварувања, меѓу кои и Казино Ројал со Џејмс Бонд. Враќање во Милано во попладневните часови. Слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Ноќевање.

15. Март (Четврток) МИЛАНО – ЏЕНОВА

Појадок. Патувањето продолжува кон Џенова. Џенова е шести по големина град во во Италија и главен град на областа Лигурија. Исто така е и најголемо пристаниште во Италија, чиј стар град е под заштита на Unesco. Пристигнување во Џенова. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Ферари, Опера, Дуждевата палата, Катедралата на Св.Лоренцо, стариот светилник Ла Лантерна, (најстариот светилник на светот кој сеуште работи), куќата на Кристофер Колумбо... Сместување во хотел. Ноќевање.

16. Март (Петок) ЏЕНОВА - ЧИНКВЕ ТЕРЕ – ЏЕНОВА

Појадок. Препорачуваме целодневна факултативна посета на CINQUE TERRE кој е под заштита на УНЕСКО од 1997 година и до кој се стигнува со воз од La Spezia. Cinque Terre е област на лигурското крајбрежје, во превод значи Пет земји, бидејќи е составено од пет села (Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola i Riomaggiore и заедно со околните планини го сочинуваат Националниот парк Cinque Terre. Зградите се шарени, во пастелни нијанси, со тесни улички кој одамна му рекле “не” на модернизмот, и кој може да ги доживеете само доколку ги прошетате. Враќање во Џенова. Ноќевање.

17. Март (Сабота) ЏЕНОВА – СКОПЈЕ

Појадок. Попатна посета на аутлет шопинг центарот Serravalle. Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Во попладневните часoви поаѓање за Македонија. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден околу пладне.

За уплата до 03 Февруари цената е 249 евра

Редовна цена на аранжманот е 269 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со модерен автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотели 3* во Милано на база 2 ноќевања со појадок / Џенова на база 2 ноќевање и појадок
  • Разглед на Милано и Џенова според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот)
  • Влезници во локалитетите
  • Факултативна посета на Лугано и Комо 35 евра
  • Целодневен излет на Cinque Terre 45€ (трансфер со воз, CinqueTerre card до 5-те села, и трансфер од железничка до Корнилија)
  • Патничко- здравствено осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Истанбул

Приказна од Ориентот

Венеција

Фиренца и Верона

Чинкве Тере

Милано, Џенова, Комо, Лугано