Дубаи

Опис на патувањето

Програма на патување:

1 ден Скопје – Дубаи – Sharjah Полетување на авинот за Дубаи во 13:35ч (лет FZ792).
Слетување во Дубаи во 20:35ч. Трансфер до хотелот и сместување во хотел. Ноќевање.

2 - 4- 7 ден Дубаи – Sharjah Сместување во избраниот хотел на база на наведената услуга, време предвидено за одмор, факултативни излети и индивидуални активности.

5 - 8 ден Sharjah – Дубаи – Скопје Утрински трансфер до аеродром.
Авионот за Скопје полетува во 09:00ч (лет FZ791). Слетување во Скопје во 12:35ч.

Опис на хотелите:

Auris Plaza 5*

Ексклузивниот хотел Auris Plaza е централно лоциран во областа Ал Барша на неколку минути од познатиот трговски центар Mall of the Emirates. Во близина на хотелот се и Madinat Jumeirah, Dubai Marina, трговскиот центар Dubai Mall, Emirates Golf klub i Media City. Хотелот располага со 338 луксузно опремени соби и апартмани. Собите се модерно опремени. Секоја соба има IPTV систем, интернет (се наплаќа), ТВ со сателитски канали, директна телефонска линија, дигитален сеф, минибар, апарат за правење чај и кафе, биро, фен за коса. На гостите на хотелот на располагање им се главниот интернационален ресторан, азијскиот ресторан, ресторан покрај базенот како и Auris café & Lounge bar.

Hilton Sharjah 5* Lux

Сместен на брегот на лагуната Шарџа Калед, овој хотел со 5* нуди пространи соби со поглед на лагуната или на Шарџа. Во склоп на објектот обезбеден е бесплатен приватен паркинг. Собите имаат модерен и елегантен декор. Секоја соба има flat-screen TV и сопствено купатило. Ресторанот Mojo All Day Dining нуди порадок и вечера на база на шведска маса, додека автентичната иранска кујна можете да ја пробате во ресторанот Shiraz. Гостите исто така можат да уживаат во егзотични коктели во барот во лобито. Хотелот има два отворени базени и парна бања. Хотелот има посебен базен за деца. Центарот

Auris First Central 4*Lux

Ексклузивниот Wayout club hotel се наоѓа во областа Al Barsha , во модерниот дел на Дубаи, во близина на хотелот Byblos, Dubai Media City и улица Shaikh Zayed, одлична местоположба како за туристи така и за бизнисмени. На 35 мин возење до аеродром. Оддалечен на 200 м од метро станица од каде со метро лесно се стигнува до познатите шопинг центри (Mall of the Emirates ili Dubai Mall). Хотелот поседува 524 стилски уредени соби, студија или апартмани. Собите се спој на луксуз, комфор и удобност. Сите соби се климатизирани, имаат интернет пристап, маса, LCD TV, сеф, мини бар, телефон, опремена мини кујна (решо, микробранова печка, фрижидер) и купатило.

InterContinental Dubai Marina 5*Lux

Сместен во срцето на Dubai Marina, овој хотел нуди извондреден поглед на околината, отворени базени и девет ресторани и барови. На 10 минути од хотелот се наоѓа трговскиот центар Beach во рамки на комплексот Jumeirah beach Residence. Хотелот има 328 соби, апартмани од типот суит и резиденција кој се одликуваат со модерен дизајн и единствена архитектура. Интернетот е вклучен во цената, како и ТВ, биро и прибор за подготовка на кафе / чај. Во ресторанот Accents можете да уживате во интернационалната кујна. Во ресторанот Marina Social познатиот кувар Џејсон Атертон подготвува специјалитети инспирирани од медитеранската кујна. Во вечерните часови можете да се релаксирате во салонот Urban Shisha. Спа центарот се состои од шест простории за третмани и нуди многубројни масажи. Гостите можат да вежбаат во фитнес центарот или да пливаат во отворениот базен. Хотелот гледа на трговскиот центар Dubai Marina Mall. Mall of Emirates e na 10 km od hotelot. Во близина на хотелот е познатиот воден парк Аквавентура.

Media One Hotel Dubai Marina 4*Lux

Хотелот се наоѓа во близина на Dubai Marina. Располага со модерно уредени соби, бесплатен интернет, отворен базен и фитнес центар. Сите соби имаат ТВ со сателитски канли, мини бар и прибор за подготовка на кафе / чај. Во ресторанот Med се подготвуват специјалитети од медитеранската кујна. Гостите можат да уживаат во прекрасниот поглед на Дубаи одбарот The Deck кој се наоѓа на кровот на хотелот. Golf club Emirates се наоѓа на 200 метри од хотелот. Аеродромот Дубаи е на 30 минути возење од хотелот.

Lotus Hotel&Spa Marina 4*Lux

Овој модерен хотел се наоѓа во срцето на новиот дел на Дубаи, во Дубаи марина. Со прекрасен погле на марината, хотелот се наоѓа во близина на главните трговски центри Jumeirah Beach Residence, Marina Mall, Mall of Emirates како и Jebel Ali Free Zone, Dubai Investment Park, Dubai Media City. Сите соби се студија или делукс апартмани. Комплетно опремена кујна, микробранова печка, тостер, чајник, машина за садеови, машина за перење сателитска ТВ, купатило, фен за коса, мини бар (со доплата). Во скоп на базенот има ресторан, отворен базен, барови, сала за состаноци, Спа центар, теретана...

DUKES Dubai Jumeirah The Palm 5*Lux

Хотелот се наоѓа на Jumeirah Palm. Хотелот располага со 279 луксузно опремени соби и 227 елеганто опремени апартмани со прекрасен поглед на Персијскиот залив и на Дубаи марина. Собите се опремени со ТВ со сателитски канали, прибор за подготовка на кафе и чај, сеф. Во хотелот се служат најдобрите специјалитети од британската кујна. Гостите исто така можат да јадат и во ресторанот на плажа. Во барот Dukes се служи најдоброто мартини. Аеродромот Дубаи е на 30 минути возење од хотелот.

Golden Tulip Al Barsha 4*Lux

Хотелот се наоѓа во во областа Al Barsha, во близина на трговскиот центар Mall of the Emirates, Ski Dubai и познатите метро-линии Sheikh Zayed road.Од аеродромот оддалечен е 32 км а од самиот центар на Дубаи 15км. Хотелот располага со 125 соби, сместени на 9 спратови. Сите соби се климатизирани, со комплетно опремени купатила и фен, мини бар, директна телефонска линија, LCD TV со сателитска програма, сеф, апарати за подготовка на кафе и чај. Постојат соби за пушачи и непушачи. Во склоп на хотелот се наоѓа ресторан со интернационална кујна како и два бара и ноќен клуб. На врвот на хотелот се наоѓа базен. Гостите на располагање ги имаат и следните услуги: чување деца и хемиско чистење.

Saffron Boutique Hotel 4*

Хотелот нуди пространи модерно уредени соби. Во склоп на хотелот има теретана и два рестора како и базен на кровот на хотелот. Собите се со поглед на град и располагаат со сателитска ТВ, клима и минибар. Гостите на хотелот можат да користат сауна или џакузи или да уживаат во масажи.

Movenpick Hotel Jumeirah 5*

Хотелот е лоциран во срцето на модерната Jumeirah Beach Residence област во близина на Дубаи Медиа центар. Оддалечен е на 30 минути од аеродромот во непосредна близина на познатите трговски центри во Дубаи. Располага со 290 модерно уредени соби со балкон. Собите се опремени со купатило, интернет, сателитска ТВ, централна клима, сеф, минибар и апарат за подготовка на кафе и чај. На гостите им се на располагање три ресторана, бар, спа и фитнес центар како и неколку базени.

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Трансфер аеродром – хотел - аеродром
  • 4/7 ноќевања во избраниот хотел на база на наведената услуга
  • Повратна авионска карта на релација Скопје – Дубаи – Скопје со компанијата "FLY DUBAI" (директен лет)
  • Услуга од лиценциран водич на српски јазик по стандардите на Обединети Арапски Емирати

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Трошоци за добивање на виза за Дубаи: 75€
  • Аеродромски такси: околу 45€
  • Меѓународно здравствено осигурување
  • Оброци и пијалоци на наведените летови на компанијата Fly Dubai
  • Туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM број D/000/152/187 od 05.02.2014 ) која се плаќа од 03.2014.
  • (вклучувајќи го и овој датум) во хотелот на лице место (на check in или на check out) и изнесува:хотели 5* или повеќе 20 дирхами (20 DHS ≈ 4 ЕВРА) по соба* за ноќевање / хотели 4*/4*lux 15 дирхами (15 DHS ≈ 3 ЕВРА) по соба* за ноќевање / хотели 3*/3*lux 10 дирхами (10 DHS ≈ 2 ЕВРА) по соба* за ноќевање / хотели 2*/2*lux 10 дирхами (10 DHS ≈ 2 ЕВРА) по соба* за ноќевање / *За suite или апартман со повеќе соби такса се плаќа за секоја соба според горенаведените критериуми
  • Останати индивидуални трошоци

Напомени

  • За добивање на виза за ОАЕ потребно е да се достават пасош и слика во боја за скенирање или во висока резолуција во JPG формат скенирани првата страна на пасошот на која се наоѓаат податоци за патникот, како и скенирана слика во боја со димензија како на пасошот. Трошоците за визирање не се враќаат во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционото оделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото оделение на ОАЕ да побара дополнителна документација во зависност од секој поединечен случај
  • Деца од 0-2 години плаќаат 70 € и немаат седиште во авионот
  • Хотел Auris First Central го промени името во First Central Hotel Appartment, додека услугата, локацијата изгледот на хотелот и типовите на соби се исти како и пред промената на името на хотелот. Хотелите во Дубаи имаат категоризација од 1* до 5*, додека апартманите имаат категоризација СТАНДАРД (одговара на категоризација на хотел 4*) и ДЕЛУКС (одговара на категоризација на хотел со 5*). Aurist First Central Hotel Appartement има категоризација СТАНДАРД.
  • Повеќето хотели не примаат две возрасни лица и две деца во една соба, во тој случај се испраќа барање до хотелот
  • Check in во хотелите е после 14 ч, а check out најкасно до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелот вон наведеното време побарува дополнителни плаќања кои се плаќаат директно на рецепција на хотелот
  • Патниците не можат да бараат намалување на цената за евентуален оброк кој не можат да го искористат во случај на рани утрински или доцни вечерни летови, како и неискористен оброк поради излет, но истиот може да се замени со "ланч пакет"
  • Распределбата на соби се врши исклучиво од лицата на рецепција на хотелот така што сите дополнителни барања и желби се проследени до хотелот, но организаторот на патувањето не може да гарантира нивно исполнување, загарантирана е само услуга која е наплатена
  • Постои можност некои од содржините на хотелот во моментот да не се во функција поради објективни околности, поради што организаторот не превземаодговорност. Во хотелите кои услугата исхрана ја служат на принцип шведска маса (самопослужување), постои можност поради недоволен број на гости, послужувањето да го направат на принцип мени што не се смета за промена на аранжман
  • Претставникот на организаторот на патувањето е обврзан да ги пречека и испрати патниците и да ги посетува според распоред
  • Во случај на несоодветно сместување или било кој друг проблем, потребно е да се извести претставникот на агенцијата на првиот инфо состанок или по телефон, а за тоа да се направи записник потпишан од страна на патниците и претставникот на агенција
  • Факултативните излети ги организира локалната туристичка агенција, пријавување и плаќање за излетите се врши на лице место без одговорности на организаторот на патувањето или претсавникот на агенцијата за квалитетот и поволност на цените
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност
  • Опис и фотографии за сместувачките капацитети се наоѓаат во каталогот кој е составен дел од оваа програма, како и на веб сајтот wayout.rs
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не одговара за важноста на патните и други документи
  • Цените може да се корегираат во согласност со Општите услови на патување, во случај на промена на курсот при промена на валутите или промена на тарифата на превозникот. Агенцијата “Wayout” D.o.o го задржува правото на промена на редоследот на содржината на програмата според вонредните околности на кои не може да влијае
  • „Wayout“ D.o.o. не превзема одговорност за евентуални други усни информации за програмата на патување
  • ГИ ЗАМОЛУВАМЕ ПАТНИЦИТЕ ВНИМАТЕЛНО ДА ГИ ПРОЧИТААТ УСЛОВИТЕ НА ПАТУВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА “WAYOUT” D.O.O. КАКО СОСТАВЕН ДЕЛ НА ОВAA ПРОГРАМA
  • ГИ ЗАМОЛУВАМЕ ПАТНИЦИТЕ ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАТУВАЊЕТО
  • ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ БР. 170 ОД 08.09.2017.

Галерија

Препорачуваме

Истанбул

Нова Година

Софија

Нова Година

Карневал во Венеција

Мурано, Бурано, Верона

Рим

ТИВОЛИ И ВАТИКАН