Истанбул

Опис на патувањето

29. Декември (Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ        

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 16.00 часот. Тргнување за Истанбул во 16.30 часот. Се патува преку Грција со попатни паузи. Ноќно возење.

30. Декември (Сабота) ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Продолжуваме со панорамско разгледување на градот: Аксарај, Бејазит Мејдан, Универзитетот, Лалели Џамијата, Валенсовиот Аквадукт, Златниот Рог, Посета на Вселенската патријаршија... Сместување во хотел. Во попладневните часови, предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар - Белербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија), прекрасно место за кафе, и можност да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот Мост симболот на Истанбул - ноќна панорама на Истанбул... Вечерта, факултативно вечера во Национален ресторан за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

31. Декември (Недела) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Посета на Сината Џамија која претставува симбол на градот, Хиподромот, прочуената Аја Софија и стариот султанов дворец Топкапи палата, која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкружена со море од сите страни, каде може да се посети и забранетата зона со векови, Султанскиот харем, Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина, Капали чаршија... Вечерта, Дочек на Новата 2018 година на монденскиот плоштад Ортакој, познат како Истанбулски Монмартр. Ноќевање.

1. Јануари (Понеделник) ИСТАНБУЛ – БОСФОР СКОПЈЕ

Појадок. Можност за посета на Sapphire Seyir Terasi највисоката “Тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност преку 4Д симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата мостот, Девојачка Кула... Факултативно, возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот... Патувањето продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

Во цената на аранжманот е вклучено

За уплата до 09 Декември цената е 99 евра

Редовна цена на аранжманот е 109 евра

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3* во Истанбул на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Истанбул
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 35 евра
  • Крстарење со брод по Босфор 15 евра
  • Посета на Saphire Seyir Terasi (влезница за 4D + локален водич + превоз со автобус) 20 евра
  • Посета на Азискиот дел Ускудар-Белербеј по подводниот тунел 10 евра
  • Дочек на Нова Година на брод на крстарење по Босфор
  • Yerebatan Sarayı (потонатата палата) 10 евра
  • Вечера во национален ресторан на 30.12.2017 ( 35 евра)
  • Влезници во локалитетите Аја Софија 18 евра, Топ Капи 18 евра
  • Доплата за еднокреветна соба 2.600 денари
  • Патничко – здравствено осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СKTM
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Истанбул

Нова Година

Рим

ТИВОЛИ И ВАТИКАН

Атина

Нова Година

Виена

Нова Година