Истанбул

Опис на патувањето

07. Декември (Четврток) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок  на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16.00 часот. Тргнување за Истанбул во 16.30 часот. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица со попатни паузи.

08. Декември (Петок) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија... Сместување во хотел. Можност за посета на Sapphire Seyir Terasi највисоката “Тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност преку 4Д симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата мостот, Девојачка Кула... Попладнето, предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор... Европа - Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на плоштадот Бејлербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот Мост, симболот на Истанбул (ноќна панорама на Истанбул)… Ноќевање.

09. Декември (Сабота) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот,палатата на Ибрахим Паша, Хиподромот ... прочуената Аја Софија, изградена во времето на владаење на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители... Прошетка по просторите на Султан Сулејман Величенствениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкружена со море од три страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона Султанскиот харем. Продолжуваме со посета на подземната Цистерна Yerebatan Saray 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина... Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет oд околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Вечерта, факултативно вечера во Национален ресторан за незаборавно доживување, со уметничка програма, со ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

10. Декември (Недела) ИСТАНБУЛ – БОСФОР – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Продолжуваме на крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија... Слободно време за прошетка до плоштадот Таксим и шопинг по најпознатата улица Истиклал. Тргнување за Скопје во попладневните часови со попатна посета на познатиот шопинг центар Форум каде се наоѓа големиот Аквариум… Се патува преку Грција, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во утринските часови следниот ден.

Во цената на аранжманот е вклучено

За уплата до 15 Ноември цената е 89 евра

Редовна цена на аранжманот е 99 евра

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во Хотел 3* во Истанбул на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Истанбул
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Посета на Азискиот дел Ускудар-Белербеј по подводниот тунел 10 евра
  • Посета на Долма Бахче Сарај палатата со водич и вклучена влезница 30 евра
  • Крстарење со брод по Босфор 15 евра
  • Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра
  • Вечера во национален ресторан 30 евра
  • Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топ Капи палата 15 евра
  • Yerebatan Sarayı (потонетата палата) 10 евра
  • Патничко – здравствено осигурување 150 денари
  • Доплата за 1/1 соба 1.860 денари

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 7 дена пред поаѓање
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Будимпешта

Нова Година

Софија

Нова Година

Атина

Нова Година

Истанбул

Нова Година