Истанбул

Опис на патувањето

28. Декември (Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ                     

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица со попатни паузи за одмор.

29. Декември (Сабота) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент eкспрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија... Можност за факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија со панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi , највисоката “тераса” во Европа, од каде се пружа прекрасна глетка кон градот, како и можност преку четиридимензионална симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Моминската Кула... Сместување во хотел. Во попладневните часови факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул, Ускудар, Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13,5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор... Европа, Азија), прекрасно место за кафе и можност да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул, ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

30. Декември (Недела) ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај, последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство... Кула Галата симболот на Цариград изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена помеѓу Златен Рог и Босфор, oбновена во 1990 год. и отворена за посетители. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balikekmek (риба во леб) на Еминону. Прошетката продолжува кон плоштадот Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал, Мисир чаршија-познатиот пазар на зачини во Истанбул. Во вечерните часови, вечера во Национален ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна.  Ноќевање.

31. Декември (Понеделник) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владeење на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители... Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величенствениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од три страни. Подземната Цистерна Yerebatan Saray 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина... Посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет со околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини... Дочек на Нова Година на еден од најубавите плоштади во Истанбул Ortakoy. Ноќевање.

01. Јануари (Вторник) ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно, посета на МИНИАТУРК - минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25… Факултативна посета на Pierre Lote видиковец посветен на францускиот морепловец и писател- тоа е најубавото место што зборува за градот Истанбул. На самото брдо има и кафуле со најубавиот поглед на бисерот на Истанбул-Златен Рог. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни  паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

За уплата до 10 Ноември цената е 139 евра.

Редовна цена на аранжманот е 149 евра.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во хотел Grand Ons 3* во Истанбул на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Истанбул
  • Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 25 евра
  • Крстарење со брод по Босфор 15 евра
  • Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра
  • Вечера во Национален ресторан 30 евра
  • Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топ Капи палатата 15 евра, харемот во Топ Капи 10 евра
  • Yerebatan Saray (потонатата палата) 10 евра
  • Посета на Азискиот дел Ускудар-Белербеј, преку подводниот тунел Мармарас 10 евра
  • Посета на кула Галата 10 евра
  • Посета на МИНИАТУРК 10 евра
  • Посета на Pierre Lote 5 евра
  • Патничко-здравствено осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 45 патници.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Берлин

Музејски остров, Постдам

Краков

Нова Година

Истанбул

Приказна од Ориентот

Истанбул

Нова Година