Atlas Plus

КОПЕНХАГЕН и МАЛМЕ

КОПЕНХАГЕН и МАЛМЕ

Копенхаген, главниот град на Данска се нарекува и Историски музеј на Европа, Фантазија на Скандинавија, Северна Венеција, Голема сирена, како и Северен Истанбул, бидејќи господари на Балтичкото море.

Дворецот Розенборг, палатите Амалијенборг и Кристијансборг со својата раскошна средновековна архитектура се главното обележје на градот... Симболот на Копенхаген од бајката на Ханс Кристијан Андерсон, Малата сирена, паркот Тиволи...

Уживајте во Данска со “данското пециво”, топло капучино и познатото пиво Туборг и Калсберг!!!

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:00 часот. Полетување за Копенхаген во 18:35 и пристигнување во 21:30 часот. Трансфер до Копенхаген, градот сместен на островите Зеланд и Амагер, меѓу кои се наоѓа Големиот Канал. Сместување во хотел. Ноќевање.

Појадок. Разглед на средновековната Данска престолнина Копенхаген: Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецoт Розенборг, симболот на градот Малата сирена, направена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен… Прошетка по главната пешачка зона Строгет, една од најголемите, а истовремено и најстарата пешачка зона во светот, како гордост на градот, со препознатлив „скандинавски шарм“ и едноставни фасади со живи бои, канали и готски цркви. Препорачуваме возење со брод по каналите на Копенхаген, доживување на боите на градот од морската страна. Ноќевање.

Појадок. Препорачуваме факултативен излет до Дворците на Северениот дел на островот Зеланд. Посета на Дворецот Фредериксборг во Хилерод, најубавиот Дворец во Данска, сместен на три острови во средината на езерото. Во богато украсената внатрешност на Дворецот, поставен е данскиот историски музеј, а барокната градина во околината, е една од најубавите градини во Данска. Панорамската турнеја продолжува по данската ривиера со бројни вили до Елсинор, каде се наоѓа Кралскиот Дворец познат по делото Хамлет на големиот творец Вилијам Шекспир. Враќање во Копенхаген во попладневните часови, возејќи се по “златниот брег”. Во вечерните часови, можност за посета на историскиот забавен парк Тиволи со многу атракции и ресторани. Ноќевање.

Појадок. Препорачуваме посета на Малме, со возење преку Ересундскиот мост, еден од најдолгите мостови во светот. Прошетка низ градот познат како “споредниот актер” во раскошот на северот на Европа: Плоштадите Сторторгет и Лила, Црквата Свети Петар, Дворецот Малмехус, Операта, Градската куќа. Од модерните атракции се истакнува облакодерот Трнинг Торзо, со своите 190 метри висина, втора по височина станбена зграда во Европа и највисока зграда во Шведска, од каде се прикажува величествен поглед на градот, а, се гледа и Копенхаген. Враќање во Копенхаген во попладневните часови. Трансфер до Аеродромот во Копенхаген. Полетување за Скопје во 22:00 и пристигнување во 00:35 часот.

  • Авионски превоз на релација Скопје-Копенхаген-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфер од Аеродром во Копенхаген до хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел 3* во центарот на Копенхаген на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Копенхаген
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) или куфер за чекирање
  • Екскурзија до Дворците на Северниот Зеланд, Посета на Малме
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација потребен е минимум од 15 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Имате прашања? Контактирајте не веднаш