Краков

Опис на патувањето

28. Декември (Четврток) СКОПЈЕ – КРАКОВ

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 13.30 часот. Тргнување за Краков во 14.00. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи. Ноќно возење.

29. Декември (Петок) КРАКОВ

Пристигнување во Краков во претпладневните часови, панорамски разглед (автобус и пешачки дел ): стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц... Сместување во Хотел. Ноќевање.

30. Декември (Сабота)    КРАКОВ - АУШВИЦ И БИРКЕНАУ - КРАКОВ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Аушвиц и Биркенау - најголемот и најозогласенот логор на нацистичка Германија, а денешен спомен - музеј под заштита на УНЕСКО... Ноќевање.

31. Декември (Недела) КРАКОВ-ВАВЕЛ-ВЕЛИЧКА 

Појадок. Предлагаме факултативна посета на Готскиот Дворец Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики (1333-1370) кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор. Потоа, факултативно посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka - најстар рудник во Европа), импресивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа кралевската капела од сол и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, а за туристи посетата е на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Враќање во Краков. Вечерта, факултативно посета на национален ресторан. Ноќевање.

1. Јануари (Понеделник) КРАКОВ - СКОПЈЕ

Појадок. Прошетка по плоштадот Bohaterów Getta, плоштадот Zgody – кој во 1941год. бил претворен во Гетото на Краков - местото каде се заробени Евреите и пратени во логори. Денес на тоа место се поставени 70 метални столици во знак на сеќавање на настраданите... Заминување за Македонија.

Во цената на аранжманот е вклучено

За уплата до 25 Ноември цената е 169 евра

Редовна цена на аранжманот е 179 евра

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 2* во Краков на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Краков
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Факултативна посета на Аушвиц 35 евра
  • Факултативна посета на рудникот за сол Величка 35 евра
  • Факултативна посета на Годскиот дворец Вавел 10 евра
  • Посета на Шиндлеровата Фабрика
  • Вечера во национален ресторан
  • Туристичка такса 3 евра од ден по лице се плаќа во агенција
  • Доплата за 1/1 соба 3.900 денари
  • Патничко-здравствено осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

Галерија

Препорачуваме

Будимпешта

Виена и Сент Адреа

Истанбул

Приказна од Ориентот

Софија

Нова година