Мадрид

Опис на патувањето

16. Март (Петок) СКОПЈЕ – СОФИЈА – МАДРИД

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 09.00 часот. Превоз до Аеродромот во Софија. Полетување за Мадрид во 17.50 и слетување во 20.40. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

17. Март (Сабота) МАДРИД

Појадок. Прошетка низ центарот на “Кралскиот град”, по познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Препорачуваме посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми... Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Прошетка по познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило... Можност за посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал“. Слободно време за индивидуални прошетки и вечера во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Ноќевање.

18. Март (Недела) МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастилја и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно - историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле, Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид во попладневните часови.. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

19. Март (Понеделник) МАДРИД – ЕЛ ЕСКОРИАЛ– СОФИЈА

Појадок. Полудневен излет во местото Ел Ескориал - кралското место и манастирот Св. Лоренцо, кое денес функционира како манастир, музеј, Кралска палата, училиште. Трансфер до аеродромот во Мадрид. Полетување за Софија во 21.20 и слетување во 01.55 часот.

20. Март (Вторник) СОФИЈА - СКОПЈЕ

Трансфер до Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релацијата Софија-Мадрид-Софија
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)
  • Организиран трансфер Скопје-Софија-Скопје
  • Организиран трансфер аеродром–хотел–аеродром
  • Сместување во Хотел Novotel Centrum 4* во Мадрид на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Мадрид според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 4.900 денари
  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 3.300 денари
  • Факултативна целодневна посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 55 евра
  • Факултативна полудневна посета на Ел Ескориал 45 евра
  • Факултативна посета на Фламенко
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Туристичка такса (се плаќа во хотел)

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • Ценитеседаденивоевра,уплатасевршиводенарскапротиввредностпокурс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Шпанија

Италија, Франција

Дубаи

Градот на раскошот

Истанбул

Приказна од Ориентот