Љубљана

Опис на патувањето

 

10. Октомври (Вторник) СКОПЈЕ - ЉУБЉАНА

Состанок  на групата на паркингот спроти хотел "Holiday Inn" во 16.00 часот. Тргнување за  Љубљана во 16.30 часот. Се патува преку Србија и Хрватска со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

11. Октомври (Среда) ЉУБЉАНА

Пристигнување во Љубљана во утринските часови. Разгледување на градот: Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки - најпозната фонтана од бел мермер... Сместување во хотел. Слободно  попладне. Ноќевање.

12. Октомври (Четврток) ЉУБЉАНА - ПОСТОЈНА - ТРСТ - ЉУБЉАНА

Појадок. Предлагаме факултативна посета на Постојнска Јама - најпосетуваната туристичка атракција во Словенија. Патувањето продолжува кон Трст. Посета на дворецот Мира Мар во Трст. Разглед на градот: Piazza dell`Unita, кој е изграден во австриски стил и е единствениот што излегува на море, околу плоштадот има прекрасни згради, како Општината, Министерството за правда и типични италијански кафулиња. Препорачуваме да се напиете вистинско италијанско кафе во  едно од најубавите кафулиња во Италија - Caffe San Marco со неверојатен амбиент и ентериер. Прошетка покрај Каналот Grande во близина на плоштадот на кој се наоѓа статуата во чест на James Joyce кој долго време творел во Трст. Враќање во Љубљана. Ноќевање.

13. Октомври (Петок) ЉУБЉАНА - БЛЕД - БОХИЊ - СКОПЈЕ

Појадок. Факулатативна посета на Блед - бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира  раскошен  поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање со кафе и  познатите бледски кремпити. Продолжуваме кон Бохињ, и Бохињското глечерското езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот прак Триглав.. Слободно време до поаѓање за Македонија. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во предпладневните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3* во Љубљана на база 2 ноќевања со појадок
  • Разгледување на градот со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во хотелот)
  • Факултативна посета на Постојнска Јама и Трст 65 евра
  • Факултативна посета на Блед и Бохињ 25 евра
  • Влезници за локалитети
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување 200 денари

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Пријавување за факултативните излети при резервација на аранжманот
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Истанбул

Приказна од Ориентот

Софија

Нова година

Истанбул

Нова година