Малта

Опис на патувањето

 

Малтешкиот предговор вели дека бакнежот без прегратка е како ружа без мирис :)

Мирисното цвеќе, кристално чистото море, пријатната клима и богатиот ноќен живот ја создавват малтешката приказна. Со својата одлична локација, Малта привлекувала бројни освојувачи кои на медитеранската принцеза оставиле значителни траги, a влијанието на нивните култури и обичаи се чувствува на секој чекор.

Зошто на Малта?

На Малта се шири љубов и насмевка, а, најчесто во друштво на домаќините со одлична храна со европско, арапско и афричко влијание и вкусно локално вино. Валета, главниот град на Малта во целост е заштитен од УНЕСКО, град со третиот најстар европски театар Manoel.
Прошетката низ мирисните градини Barraca Gardens нуди прескрасен поглед на пристаништето Grand Harbour.
Малта крие бројни, убави плажи за прекрасен летен одмор.
Најпривлечни доживувања:
Прошетка до средновековната престолнина на Малта со тврдината од каде се пружа преубав поглед на островот.
Приказната за праисторискиот храм Tarxien, постар од египетските пирамиди.
Екскурзија со брод до островот Гозо.

Малта, Гозо и Комино

Република Малта е островска држава во Средоземно море која се состои од неколку острови од кои само три се населени: Малта, Гозо и Комино. Во земјата живеат помалку од половина милион жители, но според површината, е една од најгусто населените земји во светот. Летувалишта: Valletta, Sliema, St. Julian's, Qawra, Bugibba, Mellieha

St. Julian's е најголемо и најпосетено туристичко средиште во Малта, со интересни згради и палати од времето на британското владеење, заливи, песочни и камени плажи... Paceville е средиште на ноќната забава со многу барови и дискотеки. Главниот град Валета е оддалечен десетина километри и е поврзан со автобуски линии.                                                                                                    

Живописното туристичко место Sliema сместено на североисточниот брег на Малта на 7 км од главниот град Валета, поврзан со локални автобуски линии. Sliema има 3 километарско шеталиште покрај море, опружено со згради и палати, одличен шопинг, кафичи, ресторани и спортски содржини. Со прошетка покрај море брзо се стигнува до St. Julian's.

01. Ден (Петок) СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:45 часот. Полетување за Малта во 06:10 и пристигнување во 07׃55 часот. Организиран трансфер и сместување во хотелот. Слободно време за уживање во убавините. Ноќевање.

2 до 7 Ден МАЛТА

Престој во избраниот хотел. Денови за одмор и капење во море како “тиркизно кадифе”. За време на престојот во Малта се организираат факултативни излети...

08. Ден (Петок) МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот на Малта. Полетување за Скопје во 08:25 часот и пристигнување во 10:10 часот.

Хотел GOLDEN TULIP VIVALDI 4* се наоѓа во атрактивниот дел Paceville во St. Julian's, така што бројните клубови, ресторани и продавници се во негова непосредна близина. Во главниот ресторан храната се служи на принцип шведска маса, а хотелот има и бар со лесни јадења, затворен базен, џакузи и теретана кои се бесплатни. Користењето на сауна и турско купатило се со доплата. Во сите стандардни соби може да се сместат максимум 3 лица и имаат купатило со када или туш кабина, клима уред, балкон, телефон, сателитска ТВ, мини бар, фен. Сефот е на рецепција и е со доплата. Супериор собите со поглед на море се поголеми од стандардните соби и во нив може да се сместат 4 лица. На 100 метри оддалеченост од хотелот има плажа и на 300 метри автобуска станица.

HOTEL GOLDEN TULIP VIVALDI 4*

14.07-21.07

21.07-28.07

28.07-04.08

04.08-11.08

04.08-14.08

07.08-14.08

Денови/Ноќевања

8/7

8/7

8/7

8/7

11/10

8/7

Во 1/2 стандардна соба, НП

689

699

719

719

915

719

Трето лице на дополнителен кревет

489

489

489

489

599

489

Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет

299

299

299

299

299

299

Во 1/2 superior соба поглед море, НП

789

799

799

799

1025

799

Трето лице на дополнителен кревет

499

499

499

499

619

499

Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет

299

299

299

299

299

299

 

 

 

Хотел ALEXANDRA 3* се наоѓа во центарот на St. Julian's, локација погодна за прошетки и забава покрај продавниците и рестораните. Хотелот располага со 188 соби со тераса и 22 апартмани распредени на 6 катови. Сите стандардни соби се климатизирани, со купатило, балкон, сателитска ТВ, телефон. Сеф , фрижидер и фен се достапни на барање со соодветна доплата. Некои од собите гледат на базен, додека оние на повисоките катови имаат оддалечен поглед кон морето. Хотелот има надворешен базен и бар на највисокиот спрат со поглед на Средоземното море, затворен базен, џакузи и Спа центар, игротека и елегантно уреден модерен ресторан. На околу 500 метри оддалеченост од хотелот има плажа и на 300 метри автобуска станица.

 

HOTEL ALEXANDRA 3*

14.07-21.07

21.07-28.07

28.07-04.08

04.08-11.08

Денови/Ноќевања

8/7

8/7

8/7

8/7

Во 1/2 стандардна соба, НП

599

629

659

659

Трето лице на дополнителен кревет

539

539

539

539

Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет

399

399

399

399

 

Хотел DIPLOMAT 4* се наоѓа во центарот на Sliemа, на брегот, на главното шеталиште, во близина на многубројни ресторани, барови, продавници, казина и кина. Хотелот има отворен базен (со џакузи) на највисокиот спрат и сауна. Во собите има сателитска ТВ, Wi Fi, клима уред, апарат за чај и кафе, мини бар, сеф. Собите имаат директен или страничен поглед кон море или поглед кон градот. Пред хотелот има плажа привлечна за сончање, пливање и спортови на вода.

 

HOTEL DIPLOMAT 4*

14.07-21.07

21.07-28.07

28.07-04.08

04.08-11.08

Денови/Ноќевања

8/7

8/7

8/7

8/7

Во 1/2 стандардна соба, НП

599

599

699

699

Трето лице на дополнителен кревет

479

479

499

499

 Дете 2 – 7 год на дополнителен кревет

299

299

299

299

 Дете 7 – 12 год на дополнителен кревет

399

399

399

399

Доплата за полупансиони возрасен/дете до 7 год

95/47

95/47

95/47

95/47

 

Хотел Рома 3* се наоѓа во Sliema, покрај брегот со прекрасен поглед на море, во близина на шопинг центарот, опкружен со продавници, барови и ресторани. Секоја соба е опремена со сателитска телевизија, радио, мини бар, телефон, купатило и фен. Во ресторанот на хотелот со традиционална малтешка кујна има привилегирани цени за гостите од хотелот.

 

HOTEL ROMA 3*

14.07-21.07

21.07-28.07

28.07-04.08

04.08-11.08

Денови/Ноќевања

8/7

8/7

8/7

8/7

Во 1/2 стандардна соба, НП

499

499

559

599

Трето лице на дополнителен кревет

479

489

499

519

 Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет

399

399

399

399

 

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација: Скопје – Малта - Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Трансфер од Аеродромот на Малта до избраниот хотел
  • Сместување во избраниот хотел на Малта на база 7 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Професионална организација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Доплата за голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.100 денари
  • или Доплата за багаж (1 торба/куфер со максимум 23kg) 5.000 денари
  • Туристичка такса 0,5 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Патничко – здравствено осигурување 395 денари

Напомени

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето