Минхен

Опис на патувањето

10. Март (Сабота) СКОПЈЕ – МИНХЕН

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 12:00 часот. Авионот за Меминген полетува во 13.40 и слетува во 15.45 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Минхен. Сместување во хотел. Вечерта, факултативна посета на една од најпознатите пивници во Европа, со традиција стара 400 години, со традиционална Баварска храна и пиво. Ноќевање.

11. Март (Недела) МИНХЕН

Појадок. Панорамски разглед на градот: Главниот плоштад Мариенплац со старата и новата градска куќа во неоготски стил, Градската камбанарија со своите 43 камбани, Богородичната црква (15 век) со двете кули, Кралската Палата, пивницата Hofbrauhaus, Старата и Нова Пинакотека, плоштадот Одеон, Кралскиот плоштад... Прошетка до барокниот дворец Нимфенбург, летната резиденција на Баварските владетели. Во него се родил Лудвиг II, овој дворец со прекрасна градина е изграден во 1664г. и прошируван до 1820г. Најголем интерес во дворецот привлекува Одајата на Убавината, со триесетина портрети на најубавите жителки на Минхен, а нарачано од кралот Лудвиг I, познат како страствен обожувач на жените. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

12. Март (Понеделник) ДВОРЦИТЕ НОЈШВАНШТАЈН И ЛИНДЕРХОФ - ОБЕРАМЕРГАУ

Појадок. Возење до дворецот Линдерхоф - дворец на Лудвиг II (околу 100 км) кој е опкружен со тераси со паркови и павиљони. Изграден е во времето на Максимилијан II, за потребите за лов на Кралското семејство. Подоцна Лудвиг II, искажувајќи ја максимално својата екстраваганција, овој дворец го преуредил во “рококо” стил и го позлатил. Прошетката продожува кон градот Фусен и романтичниот Хоенлос или Оберамергау – место познато по традиционалната манифестација “Христовото Страдание на патот на Голготата”, во која припрема учествуваат сите мештани. Слободно време. Патувањето продолжува (околу 45 км) до бајковитиот дворец Нојшвајнштајн - изграден на карпа, во стилот на старогерманските витешки замоци. Овој дворец е инспирација на Волт Дизни за изработување на препознатливата “шпица” на бројни цртани филмови. Враќање во Минхен во вечерните часови. Ноќевање.

13. Март (Вторник) МИНХЕН СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот во Меминген. Полетување за Скопје во 16.30 часот и слетување во 18.30 часот.

За уплата до 20 Јануари цената е 319 евра

Редовна цена на аранжманот е 359 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација Скопје-Меминген-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm со максимум 10kg)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во Хотел Leonardo 3* во Минхен на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Минхен
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 3.990 денари
  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 3.300 денари
  • Екскурзија до Дворците Нојшвајнштајн и Линдерхоф 75 евра
  • Туристичка такса 600 денари (се плаќа во хотел)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко - здравствено осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 25 лица, со пријава во агенција
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • Ценитеседаденивоевра,уплатасевршиводенарскапротиввредностпокурс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Шпанија

Италија, Франција

Крф

Ипсос

Дубаи

Градот на раскошот