Париз

Опис на патувањето

21. Октомври (Недела) СКОПЈЕ – ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16.15 часот. Полетување за Париз во 17.45 и пристигнување во Париз во 20.35 часот. Организиран трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

22. Октомври (Понеделник) РАЗГЛЕД НА ПАРИЗ – МУЛЕН РУЖ

Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите и кејовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург... Посета на Катедралата НотрДам, во најстариот дел од Париз. Во вечерните часови, препорачуваме прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица” и од која има прекрасен поглед на Париз. Прошетката продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот бар Moulin Rouge (превоз со метро). Ноќевање.

23. Октомври (Вторник) ВЕРСАЈ – АЈФЕЛОВА КУЛА – КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА

Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледала и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило.... Во попладневни часови можност за посета на Ајфеловата кула и можност за уживање во панорамска глетка кон Париз од третиот кат (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Вечерна прошетка по познатата улица Шанзелизе и можност да се види и Триумфалната капија (превоз со метро). Ноќевање.

24. Октомври (Среда) ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Појадок. Организирана посета на еден од најбогатите светски музеи - импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај. Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите (превоз со метро). Слободно време за индивидуални активности до времето на тргнување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување за Скопје во 21.25 часот и слетување во 00.10 часот.

 

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација Скопје – Париз - Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm со максимум 10kg)
  • Трансфери во Париз од аеродромот до хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Ibis Paris Tour Eiffel Cambronne 3* во центарот на Париз на база 3 ноќевања со појадок
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од Агенција
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 4.350 денари
  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 4.550 денари
  • Туристичка такса 1.30 евро на ден се плаќа во Агенција
  • Разглед на Париз 25 евра
  • Посета на Moulin Rouge 115 евра (вклучена влезница со резервација на маса со шампањ)
  • Посета на Версај 50 евра (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот)
  • Влезница за Ајфелова Кула до третиот кат 30 евра
  • Крстарење со брод по Сена 15 евра
  • Посета на Лувр 37 евра (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот)
  • Патничко осигурување 250 денари
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро 14,1 евро

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Дубаи

Градот на раскошот

Париз

Градот на светлината