Златна Прага и Бохемија

Опис на патувањето

05. Април (Четврток) СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок  на групата во 16.30 часот. Тргнување за Прага во 17.00 часот. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија. Ноќно  возење со попатни паузи.

06. Април (Петок) ПРАГА

Пристигнување во Прага во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Потоа, трансфер до центарот на градот со метро и организирана прошетка низ еврејската четврт - Јосефов, која преставува и најстара еврејска населба во Европа (13-ти век) со 6 синагоги, музеи и споменици. Во вечерните часови, можност за факултативно крстарење со брод по Влтава. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

07. Април (Сабота) ПРАГА

Појадок. Разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани. Слободно време за индивидуални активности и можност за шопинг во трговскиот центар Quadrio. Враќање во хотел. Вечерта, факултативна посета на традиционален чешки ресторан со богата фолклорна програма и специјалитети од чешката кујна. Ноќевање.

08. Април (Недела) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – КРИВОКЛАТ - ПРАГА

Појадок. Целодневен факултативен излет до Карлови Вари, најголемиот и најпознат бањски центар во Р.Чешка и елитно одморалиште на европската аристократија во 19-от век. Разглед на бањите со локален водич, посета на еден од 12-те извори на термална вода, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови. Можност за шопинг на локални производи од порцелан, стакло и ликерот Беќеровка. Поаѓање за Кривоклат, посета на тврдината - дворец, изграден во 12-от век од страна на кралевите на Бохемија со вклучена влезница. Поаѓање за Прага со попатна пауза во фабричката продавница на пиварата Крушовице. Ноќевање.

09. Април (Понеделник) ПРАГА – БРАТИСЛАВА - СКОПЈЕ

Појадок. Поаѓање за Скопје со попатна посета и разглед на Братислава со локален водич: Михалската порта, Катедралата Св.Мартин, Градското собрание, Националниот театар, главниот плоштад со Роландовата фонтата. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во попладневните часови и пристигнување наредниот ден во утринските часови.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел Intur Prag 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран трансфер со метро хотел - центар на град - хотел
  • Организирана прошетка низ Еврејската четврток
  • Разглед на Прага со лолален водич
  • Разглед на Братислава со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Крстарење со брод Влтава 15 евра
  • Целодневен излет до Карлови Вари со посета на дворецот Кривоклат (со вклучена влезница) 30 евра
  • Посета на традиционален чешки ресторан 35 евра
  • Патничко - здравствено осигурување
  • Влезници за културно - историските споменици и локалитети

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 45 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СKTM
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Истанбул

Приказна од Ориентот

Дубаи

Градот на раскошот

Шпанија

Италија, Франција