Салзбург, Грац, Загреб

Опис на патувањето

05. Aприл (Четврток) СКОПЈЕ- САЛЗБУРГ  

Состанок на групата на паркингот пред хотел "Holiday Inn" во 16.30 часот. Тргнување за Салзбург во 17.00 часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

06. Април (Петок) САЛЗБУРГ

Пристигнување во Салзбург во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич: историскиот центар на градот заштитен од УНЕСКО од 1996 година каде се наоѓа куќата на Моцарт, Катедралата Св.Руперт, плоштадот на Моцарт, дворецот Мирабел и градината, стариот плоштад, надбискупската резиденција и најстариот ресторан во Европа. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.

07. Април (Сабота) САЛЗБУРГ - ВАТЕНС И СВЕТОТ НА СВАРОВСКИ - САЛЗБУРГ

Појадок. Целодневен факултативен разглед на Ватенс и Кристалниот Свет на “Сваровски”. Пристигнување околу пладне и разглед на овој неверојатен бајковит свет на кристалите, со посета на “Џинот” и неговите комори на чудата, градината и лавиринтот. Пред две децении “Сваровски” беше познат по колекционерските фигури и фустанот со 10.000 кристали во кој Мерлин Монро му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди. Денес “Сваровски” е водечки светски произведувач на брусени кристали со над 2.700 продавници низ светот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

08. Април (Недела) САЛЗБУРГ - ГРАЦ - ЗАГРЕБ           

Појадок. Поаѓање за Загреб со попатна посета на Грац. Пристигнување во Грац во попладневните часови и разглед на градот. Универзитетски град со 6 универзитети и најзачувано старо градско јадро во Европа. Посета на еден од големите шопинг центри во Грац. Пристигнување во Загреб во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

09. Април (Понеделник) ЗАГРЕБ - СКОПЈЕ

Појадок. Разглед на Загреб со локален водич: плоштадот Бан Јелачич, уметничкиот павиљон, Хрватскиот народен театар, Загребската Катедрала, Владата, Камената порта, Народното собрание... Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во попладневните часови и пристигнување наредниот ден во утринските часови.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел Oekotel 3* во Салзбург на база 2 ноќевања со појадок
  • Сместување во Хотел Central 3* во Загреб на база 1 ноќевањe со појадок
  • Разглед со лолален водич на Салзбург, Грац и Загреб
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Целодневен излет до Ватенс и Кристалниот Свет 35 евра (со вклучена влезница)
  • Посета на пивница во Салзбург
  • Свечена вечера во национален ресторан во Загреб
  • Патничко - здравствено осигурување
  • Влезници за културно - историските споменици и локалитети

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 45 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СKTM
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Шпанија

Италија, Франција

Истанбул

Приказна од Ориентот

Дубаи

Градот на раскошот