Софија

Опис на патувањето

30. Декември (Сабота)    СКОПЈЕ – СОФИЈА

Состанок на група во 05.00 часот на Дрводекор. Поаѓање во 05.30 часот. Се патува преку граничен премин Деве Баир со попатни паузи. Пристигнување во Софија. Панорамски разглед на градот: градскиот плоштад, Стоковната куќа Цум, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата... Сместување во хотел. Во попладневните часови, можност за посета на некои од познатите шопинг центри: Сердика ''The Mall''... Ноќевање.

31. Декември (Недела) СОФИЈА

Појадок. Предлагаме да ја почувствувате новогодишната еуфорија по најголемата шопинг улица – Витоша, која изобилува со голем број на бутици, кафулиња и ресторани. Вечерта, Дочек на НОВАТА 2018 ГОДИНА на некој од плоштадите во Софија. Ноќевање.

1. Јануари (Понеделник) СОФИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Софија. Во попладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Во цената на аранжманот е вклучено

За уплата до 09 Декември цената е 69 евра

Редовна цена на аранжманот е 79 евра

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел Акорд 3* во Софија на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Истанбул

Нова Година

Рим

ТИВОЛИ И ВАТИКАН

Карневал во Венеција

Мурано, Бурано, Верона