Стразбур

Опис на патувањето

05. Април (Четврток) СКОПЈЕ – БАЗЕЛ – КОЛМАР

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Базел во 12:35 и пристигнување во 14:55 часот. Попатна посета на Базел и пешачка прошетка во центарот на градот со Сојузниот парламент, Катедралите и Градските кули со часовник, Kunstmuseum, мостовите на Рајна и нејзините брегови кои Швајцарците ги користат за рекреација. Пристигнување во Колмар во вечерните часови. На влезот на гратчето се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар Фредерик Бартолди. Сместување во хотелот. Ноќевање.

06. Април (Петок) КОЛМАР

Појадок. Прошетка низ градчето Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува и мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот со Црквата Свети Мартин, Доминиканската црква, Куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден... Ноќевање.

07. Април (Сабота) КОЛМАР – РИКВИР - СТРАЗБУР

Појадок. Организиран превоз до Стразбург, со попатна посета на селото Риквир, едно од најубавите села во Франција, со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се Кулата на северната капија од 13-ти век, Црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Пристигнување во Стразбург во вечерните часови и сместување во хотелот. Можност за крстарење по каналите на Стразбур. Ноќевање.

08. Април (Недела) СТРАЗБУР

Појадок. Разглед на Стразбур, град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: Катедралата Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Ноќевање.

09. Април (Понеделник) СТРАЗБУР – БАДЕН БАДЕН – ФРАЈБУРГ – БАЗЕЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време до поаѓањето за Базел. Препорачуваме прошетка до Баден-Баден, место кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и претставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бањски туризам. За неговото славно минато сведочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и три километри долгото шеталиште. Поаѓање кон градчето Фрајбург кое го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по Главниот плоштад со Катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, Трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, Градското собрание од 16-ти век, Плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Трансфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 20:55 часот и слетување во 23:10 часот.

 

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски билет на релација Скопје –Базел – Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm со максимум 10kg)
  • Сите трансфери по програмата со автобус
  • Сместување во Хотел Turenne 3* во центарот на Колмар на база 2 ноќевања со појадок
  • Сместување во Хотел Ibis Strasbourg Centre 3* во центарот на Стразбур на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Базел, Колмар, Риквир и Стразбур
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 4.900 денари
  • Туристичка такса 750 денари (се плаќа во агенција)
  • Крстарење по каналите на Стразбур 19 евра
  • Факултативен излет до Баден-Баден и Фрајбург 65 евра
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Влезници за локалитети и културно-историски споменици
  • Патничко осигурување 250 денари

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Шпанија

Италија, Франција

Крф

Ипсос

Дубаи

Градот на раскошот