Стразбур

Опис на патувањето

6. Октомври (Петок) СКОПЈЕ – ФРИДРИХШАФЕН – СТРАЗБУР

Состанок на групата во 11.20 часот на аеродромот Александар Велики во Скопје. Авионот за Швајцарија (Фридрихшафен) е во 13.05 часот. Слетување во 15.10 часот. Трансфер до Стразбур со попатна посета на Боденското езеро. Боденското езеро се наоѓа на тромеѓето помеѓу Австрија, Швајцарија и Германија, низ него тече една од најдолгите реки во Европа – Рајна. Пристигнување во Стразбур во вечерните часови и сместување во хотел. Ноќевање.

7. Октомври (Сабота) СТРАЗБУР

Појадок. Разглед на Стразбур, град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет, Европскиот парламент, Маѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: Катедралата Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, Куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот заштитен како светко културно наследство од Унеско во 1988 година, познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно попладне. Ноќевање.

8. Октомври (Недела) СТРАЗБУР – ФРАЈБУРГ – КОЛМАР – РИКВИР – СТРАЗБУР

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет во Алзас. Поаѓање кон градчето Фрајбург кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со Катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, Трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, Градското собрание од 16-ти век, Плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Слободно време. Продолжување на патувањето до градчето Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканската црква, Куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден. Патувањето продолжува до селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време. Продолжување на патувањето до местото Оршвилер каде се наоѓа дворецот Висок Кенингсбург изграден во 12-ти век на стратешкото место во планината Вогези одма над рамнината Алзас, користен е како утврдување до 17-ти век. Реставриран е по налог на германскиот цар Вилхелм II, а денес е една од најголемите туристички атракции во тој регион. Враќање во Стразбур. Ноќевање.

9. Октомври (Понеделник) СТРАЗБУР – ХАЈДЕЛБЕРГ – БАДЕН БАДЕН - СТРАЗБУР

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет до Хајделберг, романтично гратче сместено на реката Некар. Артакција е ренесансниот замок на брдото над градот кој спаѓа меѓу најимпресивните објекти во Германија и опстојува повеќе од 700 години. Се вбројува во топ 10 најпопуларни европски знаменитости со повеќе од 3 милиони туристички посети годишно. Градот е седиште на една од најстарите образовни институции во Европа – Универзитетот Руперт-Карл, основан во 1386-та година. Панорамско разгледување на градот: Карловата капија 18-ти век, Замокот Хајделберг 14-ти век, Градското собрание од 14-ти век, стариот градски плоштад, стариот мост на Некар долг 200 метри од 18-ти век, готската црква на Свeтиот Дух од 14-ти век, Универзитетската четврт, Алејата на филозофите со најубав поглед на стариот дел на градот. Патувањето продолжува до Баден-Баден, кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бањски туризам. За неговото славно минато сведочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3 километри долгото шеталиште. Враќање во Стразбур. Ноќевање.

10. Октомври (Вторник) СТРАЗБУР – БАЗЕЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време до поаѓање за Базел или можност за факултативно крстарење по каналите на Стразбур. Заминување за Базел, прошетка низ градот. Трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 20.50 часот. Пристигнување во Скопје во 23.05 часот.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски билет на релација Скопје – Фридрихшафен / Базел – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Сите трансфери по програмата со автобус
  • Сместување во хотел Cerice 3* во околината на Стразбур, на база 4 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Стразбур
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 4.900 денари
  • Голема кабинска торба 1.500 денари (со димензии 56х45х25см)
  • Чекиран багаж (куфер со максимална тежина 23 кг) 3.900 денари
  • Туристичка такса 3 евра на ден се плаќа во Агенција
  • Крстарење по каналите на Стразбур
  • Целодневен факултативен излет до Фрајбург, Колмар, Риквир (пријавување во Агенција при резервација) 75 евра
  • Целодневен факултативен излет до Хајделберг и Баден-Баден (пријавување во Агенција при резервација) 75 евра
  • Влезници за локалитети и културно-историски споменици
  • Доплата за еднокреветна соба 5.200 денари
  • Задолжително патничко осигурување

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
  • За реализација на факултативните излети е потребен       минимум од 20 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Атина

Нова година

Будимпешта

Убавица на Дунав

Будимпешта

Нова година

Софија

Нова година