Карневал во Венеција

Опис на патувањето

10. Февруари (Сабота) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 11:45 часот. Полетување за Венеција (Тревизо) во 13:20 и слетување во 15:05 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките... Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.

11. Февруари (Недела) МУРАНО - БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Враќање во хотел во попладневните часови. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет... Ноќевање.

12. Февруари (Понеделник) ВЕРОНА

Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот... Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

13. Февруари (Вторник) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до аеродромот во Тревизо. Полетување за Скопје во 15:35 и слетување во 17:15 часот.

За уплата до 17 Јануари цената е 199 евра

Редовна цена на аранжманот е 279 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

 

  • Авионски превоз на релација Скопје-Венеција (Тревизо)-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23см со максимум 10 кг)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во Хотел LUGANO 4* во Местре/Маргера на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Венеција
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 2.980 денари
  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 2.300 денари
  • Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 35 евра
  • Посета на Верона 45 евра
  • Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Малта

Валета и Гозо

Барселона

Фигерас и Герона

Рим

ТИВОЛИ И ВАТИКАН

Швајцарија

Бајковита Швајцарија