Венеција

Опис на патувањето

 

10. Октомври (Вторник) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок  на групата на паркингот спроти хотелот „ Holiday Inn “ во 15.00 часот. Тргнување за Венеција во 15.30 часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

11. Октомври (Среда) ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Венеција во претпладневните часови. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Во пладневните часови посета на Венеција „заспаната убавица“ со локален туристички водич: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишки, Кулата, каналот Гранде, мостот Ријалто... Ноќевање.

12. Октомври (Четврток) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА

Појадок. Слободен ден или можност за факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата – разгледување на Фиренца: црквата Санта Кроче, катедралата Дуомо, камбанаријата и крстилницата, палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфици, мостот Понте Векио, палатата Пити... Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

13. Октомври (Петок) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Можност за факултативна посета на Верона, град познат по приказната за Ромео и Јулија. Разгледување на Верона: плоштадите Бра, Ебре, Данте, куќата на Јулија, амфитеатарот... Тргнување за Македонија во попладневните часови. Посета на познатиот шопинг центар “Palma Nova”. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден околу пладне.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3* во Лидo ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Посета на Венеција (разглед, превоз и брод) 15 евра
  • Факултативна посета на Фиренца 45 евра
  • Задолжителна факултативна посета на Верона 10 евра
  • Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во агенција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко-здравствено осигурување 200 денари
  • Доплата за 1/1 соба 2.480 денари

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Шпанија

Италија, Франција

Краков

Аушвиц, Биркенау

Стразбур

Колмар, Алзас, Шварцвалд

Будимпешта

Виена и Сент Адреа