Виена

Опис на патувањето

29. Декември (Петок) СКОПЈЕ - ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 13.00 часот. Тргнување за Виена во 13.30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи.

30. Декември (Сабота) ВИЕНА

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Вотиф, Парламентот, Универзитетот... Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта, можност да се проба вистинска виенска шницла во национален ресторан. Ноќевање.

31. Декември (Недела) ВИЕНА

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или можност за посета на Дунавската Кула која е изградена во 1964 год и е висока 252 метри од каде има неверојатна панорамска глетка на градот Виена. Вечерта околу 21.00 часот организиран трансфер до центарот на Виена и можност за прослава на Новогодишната ноќ на плоштадот Ратхаус. Враќање во хотел. Ноќевање.

1. Јануари (Понеделник) ВИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse и можност да се почуствува новогодишната атмосфера во Виена. Во пoпладневните часови поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Унгарија и Србија. Пристигнување во Скопје наредниот ден во попладневните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено

За уплата до 09 Декември цената е 149 евра

Редовна цена на аранжманот е 159 евра

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Организиран разглед со локален водич на Виена
  • Сместување во хотел 3* во Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Факултативна посета Шенбрун со вклучена влезница,водич и превоз 1.860 денари (30 евра) задолжитено пријавување до 20.12.2017
  • Факултатативна посета на Дунавската Кула 620 денари (10 евра) задолжително пријавување до 20.12.2017
  • Факултативно вечера во национален ресторан 30 евра
  • Патничко-здравствено осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Атина

Нова Година

Краков

Нова Година

Виена

Нова Година