29. Февруари (Сабота) СКОПЈЕ - БЕРЛИН
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17:55 часот. Авионот за Берлин полетува во 19:25, слетување во Берлин во 21:50 часот. Сместување во хотелот. Ноќевање.
1. Март (Недела) БЕРЛИН
Појадок. Организиран разглед на градот, Плоштадот на Републиката, Германскиот Парламент Бундестаг, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Плоштадот Александерплац со највисоката ТВ кула Фернзетурм, Црквата Св. Никола, Дворецот Шарлотенбург познат по прекрасниот уреден парк, Олимпискиот Стадион, Плоштадот Потсдам, Еврејскиот музеј, легендарниот некогашен граничен премин помеѓу Источниот и Западниот Берлин – наречен Чарли, Берлинскиот ѕид... Попладневна прошетка во стариот дел на Берлин, со тесни улички со калдрма и многубројни продавници за сувенири, антикварници, ресторани и традиционални пивници. Ноќевање.
2. Март (Понеделник) БЕРЛИН
Појадок. Препорачуваме посета на Музејскиот остров со 5 музеи. Последниот изграден и можеби највреден музеј е Пергамон, завршен во 1930 година, кој изложува реконструкции во оригинална големина на монументални антички згради, како што се Пергамонскиот олтар, портата Иштар на Вавилон и портата на пазарот во Милет. Овие реконструкции се состојат од оригиналните делови пренесени од местата каде се пронајдени. Слободно време за посета на една од најголемите европски зоолошки градини каде влезницата може да се комбинира со посета на аквариумот. Вечерта, можност за вкусување на познатите берлински специјалитети, зачинет колбас со кари, печена свинска коленица или познатиот оброк кој го носи името Берлин, црн дроб на Берлински начин, односно похован со јаболка и кромид. Ноќевање.
3. Март (Вторник) БЕРЛИН - ПОТСДАМ - СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка и шопинг по Булеварот Курфурштендам и незаобиколната стоковна куќа KaDeWe. Факултативна посета на Потсдам, брандербуршка престолнина, некогашна резиденција на Пруските кралеви и летна резиденција на Фредерик Велики. Гратчето денес изобилува со прекрасни пејзажни убавини, паркови и кралски палати кои се на листата на УНЕСКО. Палатата Сансуси е изградена во рококо стил, како пандан на познатиот француски дворец Версај, во обид за тогашниот крал, да обезбеди место понастрана од вревата и формалностите на берлинскиот двор. И самото негово име во превод значи “безгрижен”. Палатата ја красат 12 различни гламурозни и тематски простории, опколена е со прекрасен парк кој каскадно се простира низ дворовите со многубројните фонтани... Организиран трансфер до аеродромот во Берлин. Авионот за Скопје полетува во 22:25 часот. Пристигнување во Скопје во 00:35 часот.
За уплата до 29 Јануари цената е 199 евра
Редовна цена на аранжманот е 249 евра