Берлин

Опис на патувањето

02. Ноември (Сабота) СКОПЈЕ - БЕРЛИН

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17:55 часот. Авионот за Берлин полетува во 19:25, слетување во Берлин во 21:50 часот. Сместување во хотелот. Ноќевање.

03. Ноември (Недела) БЕРЛИН

Појадок. Организиран разглед на градот, Плоштадот на Републиката, Германскиот Парламент Бундестаг, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Плоштадот Александерплац со највисоката ТВ кула Фернзетурм, Црквата Св. Никола, Дворецот Шарлотенбург познат по прекрасниот уреден парк, Олимпискиот Стадион, Плоштадот Потсдам, Еврејскиот музеј, легендарниот некогашен граничен премин помеѓу Источниот и Западниот Берлин – наречен Чарли, Берлинскиот ѕид... Попладневна прошетка во стариот дел на Берлин, со тесни улички со калдрма и многубројни продавници за сувенири, антикварници, ресторани и традиционални пивници. Ноќевање.

04. Ноември (Понеделник) БЕРЛИН

Појадок. Препорачуваме посета на Музејскиот остров со 5 музеи. Последниот изграден и можеби највреден музеј е Пергамон, завршен во 1930 година, кој изложува реконструкции во оригинална големина на монументални антички згради, како што се Пергамонскиот олтар, портата Иштар на Вавилон и портата на пазарот во Милет. Овие реконструкции се состојат од оригиналните делови пренесени од местата каде се пронајдени. Слободно време за посета на една од најголемите европски зоолошки градини каде влезницата може да се комбинира со посета на аквариумот. Вечерта, можност за вкусување на познатите берлински специјалитети, зачинет колбас со кари, печена свинска коленица или познатиот оброк кој го носи името Берлин, црн дроб на Берлински начин, односно похован со јаболка и кромид. Ноќевање.

05. Ноември (Вторник) БЕРЛИН - ПОТСДАМ - СКОПЈЕ

Појадок. Прошетка и шопинг по Булеварот Курфурштендам и незаобиколната стоковна куќа KaDeWe. Факултативна посета на Потсдам, брандербуршка престолнина, некогашна резиденција на Пруските кралеви и летна резиденција на Фредерик Велики. Гратчето денес изобилува со прекрасни пејзажни убавини, паркови и кралски палати кои се на листата на УНЕСКО. Палатата Сансуси е изградена во рококо стил, како пандан на познатиот француски дворец Версај, во обид за тогашниот крал, да обезбеди место понастрана од вревата и формалностите на берлинскиот двор. И самото негово име во превод значи “безгрижен”. Палатата ја красат 12 различни гламурозни и тематски простории, опколена е со прекрасен парк кој каскадно се простира низ дворовите со многубројните фонтани... Организиран трансфер до аеродромот во Берлин. Авионот за Скопје полетува во 22:25 часот. Пристигнување во Скопје во 00:35 часот.

За уплата до 10 Октомври цената е 199 евра

Редовна цена на аранжманот е 249 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација Скопје – Берлин – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
  • Трансфер во Берлин од аеродромот до хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Holiday Inn Express Berlin - Alexanderplatz 4* во строгиот центар на Берлин на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Берлин
  • Прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 2.980 денари
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 1.500 денари
  • Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 2.100 денари
  • Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 2.700 денари
  • Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во агенција)
  • Факултативна посета на Потсдам (со вклучена влезница за Палатата Сансуси) 55 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко - здравствено осигурување 250 денари

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Рим

Ватикан

Рим

Сигурна реализација