Дубаи

Опис на патувањето

 7. Март (Четврток) СКОПЈЕ – ДУБАИ                              

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:55 часот. Полетување за Дубаи во 13:25 и

пристигнување во 21:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање. 

08, 09 и 10 Март ДУБАИ                                   

Појадок. Слободно време за одмор, факултативни излети и индивидуални активности. Ноќевање.

11. Март (Понеделник) ДУБАИ – СКОПЈЕ                              

Појадок. Полетување за Скопје во 09:25 и пристигнување во 12:25 часот.

Hotel Wyndham Dubai Marina 4* B E S T B U Y ! 569 Евра

Hotel Wyndham Dubai Marina 4*

Хотелот се наоѓа на најубавата локација во Дубаи, во областа Дубаи Марина и овозможува прекрасен поглед на Арабиското Море и Дубаи Марината. Метро станицата и трамвајот се на 10 минути пешачење, за превоз до големите деловни и трговски центри и познати атракции во Дубаи. Бесплатно WiFi е на располагање низ целиот хотел. Сите соби се климатизирани и имаат гарнитура за седење, телевизор минибар и сеф. Хотелот располага со два ресторани, барови, спа центар, сауна и парна соба, теретана, отворен базен. бизнис центар, продавница за сувенири, менувачница... Од хотелот се организира бесплатен превоз до плажа.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионска карта на релација Скопје – Дубаи – Скопје
  • Рачен багаж до 7 кг и Багаж за чекирање до 20 кг
  • Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром во Дубаи
  • Сместување во избраниот хотел во двокреветни соби на база 4 ноќевања со појадок
  • Услуга од лиценциран водич на српски јазик по стандардите на Обединети Арапски Емирати

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Трошоци за добивање на виза за Дубаи 75€
  • Аеродромски такси 45€
  • Факултативни излети: Разглед на Дубаи 35 Евра, Разглед на Абу Даби 80 Евра,
  • Пустинско Сафари 55 Евра...
  • Патничко здравствено осигурување
  • Туристичка такса, се плаќа во хотелот, 15 дирхами (15 DHS ≈ 3 ЕВРА) по соба на ден

Напомени

  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари

ФАКУЛТАТИВНИ ПРОШЕТКИ:

  • Организиран разглед на Дубаи: Посета на Хотелот Бурж Ал Араб, Џумеира Медина, Хотелот Атлантис, разглед на објектите по должината на сообраќајницата Шеик Зајед, посета на пазарот за текстил, премин преку каналот на традиционален начин со Абра (водено такси), посета на пазарот за зачини и злато, Дубаи Мол, можност да се види фонтаната “Дубаи“ која фасцинира со фантастична претстава која е мешавина од музика, танц и светлосни ефекти.
  • Организирана целодневна прошетка низ Абу Даби: Поаѓање од хотелот во утринските часови. Пристигнување во Абу Даби и посета на големата бела џамија “Sheikh Zayed” која е направена од македонски мермер. Разглед на областа “Ал Батин“, Хотелот  “Emirates Palace“, областа “Sadiyat Islands”, посета на пазарот на урми, отворениот музеј ”Heritage Village”, забавиот парк “Ферари“. Во разгледот е вклучен ручек.
  • Крстарење со брод по Дубаи Марината или “Малиот Менхетн“: Пловење по каналот во кој се наоѓа Марината и Џумеира Бич Резиденс, уживање во прекрасната глетка на облакодерите изградени во најнов ултрамодерен стил. Забава на брод во традиционален ориентален амбиент и вечера во арапски стил на база на шведска маса.
  • Вечерно крстарење со брод по стариот канал: Уживање во прекрасната панорама на стариот дел на Дубаи по должината на целиот канал во традиционален брод, проследено со богата програма. Танура танц - традиционален египетски танц, Забавно шоу - различни комични игри и танци... Вечера на база на шведска маса со традиционална Арапска кујна за комплетно уживање со вклучен безалкохолен пијалок.
  • Пустинско сафари: Една од највозбудливите, најатрактивните и најбараните атракции во целокупната раскошна туристичка понуда во Дубаи. Возење по песочните дини, а потоа време за незаборавен стомачен танц, традиционален египетски танц и многу други возбудливи содржини. Можност за традиционалното цртање со к’на, јавање на камила, фотографирање со сокол и уште многу други содржини огранизирани од искусни професионалци.

Галерија

Препорачуваме

Дубаи

Сигурна реализација

Виена и Братислава

Сигурна реализација

Карневал во Венеција

Сигурна реализација

Берлин

Сигурна реализација