Краков

Опис на патувањето

28. Декември (Петок) СКОПЈЕ - КРАКОВ

Состанок на групата на паркингот спроти Хотелот Holiday Inn во 13.30 часот. Тргнување за Краков во 14.00. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

29. Декември (Сабота) КРАКОВ

Пристигнување во Краков во претпладневните часови, панорамски со автобус и пешачки дел. Разглед на стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370 год. и се сотои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица... Сместување во хотел. Ноќевање.

30. Декември (Недела) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Аушвиц и Биркенау, најзначајните симболи на светската историја, кој претставуваат и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на УНЕСКО). Враќање во Краков. Вечерта, факултативно посета на пивница. Ноќевање.

31. Декември (Понеделник) КРАКОВ – ВЕЛИЧКА

Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (најстар рудник во Европа) импресивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сол како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Вечерта, дочек на Новата 2019 год. На главниот градски плоштад. Ноќевање.

01. Јануари (Вторник) КРАКОВ – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на еврејскиот кварт Казимерц, кој се наоѓа во стариот дел и е центар на ноќниот живот во градот. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во претпладневните часови.

За уплата до 07 Декември цената е 169 евра.

Редовна цена на аранжманот е 189 евра.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во Хотел 3* во Краков на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Краков
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Факултативна посета на Аушвиц 35 евра
  • Факултативна посета на рудникот за сол Величка 35 евра
  • Факултативна посета на Годскиот дворец Вавел
  • Вечера во национален ресторан -пивница
  • Патничко-здравствено осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Краков

Нова Година

Берлин

Сигурна реализација

Виена и Братислава

Сигурна реализација

Лисабон и Порто

Сигурна реализација