24. Март (Вторник) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 19:25 часот. Полетување за Истанбул во 20:45 и пристигнување во 00:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
25. Март (Среда) ИСТАНБУЛ – ПОРТО
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Истанбул. Полетување во 12:35 и пристигнување во Порто во 14:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до улицата Света Катерина и уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Разгледувањето продожува до речниот брег, во квартот Вила Нова де Гаја. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Ноќевање.
26. Март (Четврток) ПОРТО
Појадок. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо позврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Ноќевање.
27. Март (Петок) ПОРТО - ЛИСАБОН
Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка по елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Росио и Рестаурадорес. Ноќевање.
28. Март (Сабота) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ
Појадок. Прошетка по уличките со калдрма низ квартот Алфама со можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Прошетката продолжува до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон најдолгиот мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Вечерта, можност за вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.
29. Март (Недела) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Ноќевање.
30. Март (Понеделник) ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 11:25 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:05 и полетување за Скопје во 19:25 (локално време). Слетување во Скопје во 19:55 часот.
За уплата до 21 Февруари цената е 599 евра
Редовна цена на аранжманот е 699 евра