Лисабон и Порто

Опис на патувањето

19. Март (Четрток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ                        

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 19:25 часот. Полетување за Истанбул во 20:45 и пристигнување во 00:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

20. Март (Петок) ИСТАНБУЛ – ПОРТО

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Истанбул. Полетување во 12:35 и пристигнување во Порто во 14:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до улицата Света Катерина и уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Разгледувањето продожува до речниот брег, во квартот Вила Нова де Гаја. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Ноќевање.

21. Март (Сабота) ПОРТО            

Појадок. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо позврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Ноќевање.

22. Март (Недела) ПОРТО - ЛИСАБОН

Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка по елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Росио и Рестаурадорес. Ноќевање.

23. Март (Понеделник) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ

Појадок. Прошетка по уличките со калдрма низ квартот Алфама со можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Прошетката продолжува до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон најдолгиот мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Вечерта, можност за вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.

24. Март (Вторник) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА

Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Ноќевање.

25. Март (Среда) ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ   

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 11:20 часот. Пристигнување во Истанбул во 19:10 и полетување за Скопје во 20:10 (локално време). Слетување во Скопје во 19:50 часот.

За уплата до 21 Февруари цената е 599 евра

Редовна цена на аранжманот е 699 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Порто и Лисабон – Истанбул - Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
  • Трансфер од аеродромот до хотелот во Порто
  • Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Лисабон
  • Трансфер од хотелот до аеродромот во Лисабон
  • 1 ноќевање со појадок во Хотел 4/5* во Истанбул и организиран трансфер од/до аеродромот
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во центарот на Порто
  • 3 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во центарот на Лисабон
  • Разглед и прошетки во Лисабон според програмата
  • Разглед и прошетки во Порто според програмата
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Туристичка такса 1.250 денари (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 65 евра
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување 450 денари

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА 10 РАТИ БЕЗ КАМАТА СО КРЕДИТНА КАРТИЧКА НА ТУТУНСКА БАНКА

Галерија

Препорачуваме

Санкт Петербург и Москва

Раскошна Русија

Неапол и Соренто

Неапол, Соренто и Помпеја

Москва и Санкт Петербург

Раскошна Русија

Мадрид

Толедо