02. Март (Петок) СКОПЈЕ - МАЛТА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Малта во 06:10. По пристигнувањето во 07:55 часот, организиран трансфер и разглед на главниот град на Малта – Валета изграден од витезите на St. John. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив. Посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета можност за факултативна екскурзија до Мдина центарот на островот посетувајќи ја црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, со можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град). Прошетка низ тесните поплочени улички и најзначајните места во градот. Разглед на малото место Атард, познатите градини San Anton, Претседателската Палата. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
03. Март (Сабота) ГОЗО
Појадок. Можност за целодневна факултативна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг, кој во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа. Пред пристигнување на пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi... Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.
04. Март (Недела) ТРИТЕ ГРАДА
Појадок. Можност за факултативна посета на трите града: Senglea - Isla, Vitoriossa – Birgu и Cospicua - Bormla најубавите историски места на Малта, каде ќе се запознае културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век била позната како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и соседите Vittoriosa & Senglea, изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L'Isola (остров) е наречена во време на витешкиот ред. Локалитетот е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век, изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на St. John. Враќање во хотел. Ноќевање.
05. Март (Понеделник) МАЛТА
Појадок. Слободно време за уживање во прошетките покрај прекрасните плажи во St Julian's и Sliema. Ноќевање.
06. Март (Вторник) МАЛТА – СОФИЈА - СКОПЈЕ
Појадок (Breakfast boxes). Организиран трансфер до аеродромот во Малта. Полетување за Софија во 08:55 часот. Пристигнување во Софија во 11:45 часот (по локално време) и организиран трансфер до Скопје.