Москва

Опис на патувањето

СКОПЈЕ - МОСКВА                           

Полетување во 11:15 и пристигнување во Москва во 15:30 часот (локално време). Организиран трансфер од аеродромот до хотелот со запознавање со моќната руска престолнина Москва. Сместување во хотелот. Препорачуваме панорамски разглед на Москва: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Симболот на Мосфилм, со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва. Ноќевање.

МОСКВА - КРЕМЉ               

Организирана посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда”, а потоа слободно време за индивидуални прошетки и посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад. Ноќевање.

МОСКВА – СЕРГИЕВ ПОСАД

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет до Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комлекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Разгледување на Сергиевата Лавра, бисер на руската уметност и архитектура. Ноќевање.

МОСКВА                                

Појадок. Прошетката во Москва продолжува со обиколка на неколку од најубавите метро станици со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури. Можност за факултативно крстарење по реката Москва на ексклузивниот брод-ресторан Radisson. Ноќевање.

МОСКВА - СКОПЈЕ   

Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Москва. Полетување за Скопје во 13:15 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 15:45 часот.

Галерија

Препорачуваме

Москва и Санкт Петербург

Раскошна Русија

Санкт Петербург

Раскошна Русија

Москва

Величествено доживување