Санкт Петербург

Опис на патувањето

СКОПЈЕ - САНКТ ПЕТЕРБУРГ                                   

Полетување во 14:40 и пристигнување во Санкт Петербург во 18:55 часот (локално време). Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување во хотелот. Ноќевање.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Појадок. Панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни... Посета на Петропавловската тврдина, во центарот се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Тврдината била проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Ноќевање.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Појадок. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Ноќевање.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЕРМИТАЖ     

Појадок. Посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата. Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо... Ноќевање.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ -  ПЕТЕРГОФ     

Појадок. Прошетка до фантастичниот Петергоф, со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство. Ноќевање.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЦАРСКО СЕЛО          

Појадок. Прошетка до летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин. Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Ноќевање.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Појадок. Крстарење со брод по реката Нева, со восхитувачки глетки кон архитектурата на градот. Препорачувема посета на балетска или оперска претстава, во вечерните часови. Ноќевање.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ - СКОПЈЕ           

Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Санкт Петербург. Полетување за Скопје во 11:10 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 13:35 часот.

Галерија

Препорачуваме

Москва

Величествено доживување

Санкт Петербург

Раскошна Русија

Москва и Санкт Петербург

Раскошна Русија