Неапол и Соренто

Опис на патувањето

Соренто го нарекуваат сончев град, гордо распространет на висока карпа, со неверојатен воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив, каде во подножјето свети бистрата тиркизна вода на Тиренското Море. Градот привлекува туристи од целиот свет, со единствениот поглед на зајдисонце и опојниот мирис од плантажите со портокали и лимони.
Соренто е град со медитерански шарм, преполн со цвеќе и овошје, а, заштитен знак е лимонот, од кој се прави традиционалниот ликер “limoncello”.

19. Април (Недела) СКОПЈЕ – СОЛУН - НЕАПОЛ

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во Скопје во 14:00 часот. Организиран трансфер до Аеродромот во Солун. Полетување за Неапол во 20:50 и слетување во 21:15 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

20. Април (Понеделник) НЕАПОЛ ПОМПЕЈА - СОРЕНТО

Појадок. Организиран разглед на Неапол, еден од најубавите градови во Европа, историскиот центар под заштита на Унеско, Кралската Палата, Тврдината, Театарот Сан Карло – најстарата активна опера во Европа... Слободно време за ручек и вкусување на едно од омилените јадења во светот, Пицата. Факултативна посета на археолошкото наоѓалиште Помпеја, најпознатато и најдобро зачувано од времето на античкиот Рим. Градот е потполно уништен од силната ерупција на Везув во 79-та година кога лава го прекрила целиот град, го “конзервирала” и случајно е откриен многу векови подоцна. На тој начин е сочувана единствената слика на архитектурата на еден од најбогатите градови на древната империја: форуми, храмови, театри и голем број вили... Патувањето продолжува покрај вулканот Везув кој доминира над целиот Неаполски залив, на височина од 1.120 метри. Пристигнување во Соренто во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.

21. Април (Вторник) СОРЕНТО - АМАЛФИ

Појадок. Прошетка низ историскиот центар со тесни улички преполни со кафичи и ресторани, продавници со сувенири и производи од кожа. Најубавата слика се добива со факултативната посета на околината: брегот Амалфи со познатите бисери Позитано, Равело и Амалфи. Прошетката се одвива по спектакуларната ривиера со остри ридови, тесни патишта, чудна вегетација, мали рибарски места и сликовити градови. Позитано е мал град, а на секој чекор величенствен, познат по отмените вили како вградени во брдото кои каскадно се спуштаат до морето. Патот продолжува до Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван целиот брег. Градот е бисер на средновековната архитектура со тесни кривулести улици, типични за овој дел на италијанскиот брег. Патувањето продолжува до Равело, место познато по концертите на класична музика посветени на Ричард Вагнер, кои се одржуваат на отворениот театар со прекрасен панорамски поглед на салернитанскиот залив... Ноќевање.

22. Април (Среда) КАПРИ

Појадок. Факултативниот излет до монденското место започнува во утринските часови од пристаништето Marina Piccola. По половина час пловидба со хидроглисер по Неаполскиот залив покрај брегот на Соренто, се стигнува до најпознатиот остров на медитеранот Капри. Островот е долг седум, а широк три километри. Капри бил летна резиденција на многу имератори и засолниште на многу познати сликари и писатели, а, денес е монденско летувалиште со многубројни гламурозни излози на најпознатите светски модни креатори. Слобоно време за уживање до попладневното враќање во Соренто. Ноќевање.

23. Април (Четврток) СОРЕНТО НЕАПОЛ – СОЛУН - СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот во Неапол. Полетување за Солун во 11:55 часот и пристигнување во 14:25 часот. Организиран трансфер до Скопје.

За уплата до 12 Март цената е 499 евра

Редовна цена на аранжманот е 559 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација Солун-Рим и Неапол-Солун со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Сместување во Хотел 3/4* во поширокиот центар на Неапол на база 1 ноќевање со појадок
  • Сместување во Хотел 3/4* во Соренто на база 3 ноќевања со појадок
  • Организирани трансфери според програмата
  • Организирани разгледи на Неапол и Соренто
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж или куфер за чекирање
  • Туристичка такса за Неапол 4 евра на ден и за Соренто 3 евра на ден (се плаќа во хотелите)
  • Факултативни излети:
  • Прошетка по Алмалфи брегот,Екскурзија до островот Капри, Влезници за Помпеја и Везув
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Kарти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување 450 денари

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Карневал во Венеција

Мурано, Бурано, Верона

Берлин

Потсдам

Москва и Санкт Петербург

Раскошна Русија