Париз

Опис на патувањето

24. Октомври (Четврток) СКОПЈЕ – ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16.30 часот. Полетување за Париз во 18.10 и пристигнување во Париз во 21.05 часот. Организиран трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

25. Октомври (Петок) РАЗГЛЕД НА ПАРИЗ – МУЛЕН РУЖ

Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите и кејовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург... Во попладневните часови, препорачуваме прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer, најпосетената точка во Париз, која Парижани ја нарекуваат “Белата Гулабица” и од каде има прекрасен поглед на градот. Прошетката продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот бар Moulin Rouge (превоз со метро). Ноќевање.

26. Октомври (Сабота) ВЕРСАЈ – АЈФЕЛОВА КУЛА – КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА

Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледала и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило.... Во попладневни часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во панорамска глетка кон Париз (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Вечерна прошетка по познатата улица Шанзелизе до Триумфалната капија (превоз со метро). Ноќевање.

27. Октомври (Недела) ДИЗНИЛЕНД

Појадок. Индивидуална посета на забавниот парк Disneyland или слободно време за прошетки во градот на модата. Ноќевање.

28. Октомври (Понеделник) ПАРИЗ – ЛУВР - СКОПЈЕ

Појадок. Организирана посета на еден од најголемите и најбогатите светски музеи - импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај. Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите... Лувр е најпосетениот музеј во светот кој дневно го посетуваат по околу 15.000 туристи (превоз со метро). Слободно време за индивидуални активности до времето на тргнување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување за Скопје во 21.15 часот и слетување во 23.55 часот.

За уплата до 24 Септември цената е 299 евра

Редовна цена на аранжманот е 349 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
  • Трансфери во Париз од аеродромот до хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Ibis Paris la Défense Centre 3* во центарот на модерен Париз на база 4 ноќевања со појадок
  • Организирани прошетки според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 3.800 денари
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 1.800 денари
  • Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 3.000 денари
  • Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 4.000 денари
  • Туристичка такса 1.50 евра по лице на ден се плаќа во Агенција
  • Разглед на Париз 25 евра
  • Посета на Moulin Rouge 115 евра (вклучена влезница со резервација на маса со шампањ)
  • Посета на Версај 55 евра (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот)
  • Влезница за Ајфелова Кула до вториот кат 22 евра, до третиот кат 30 евра (резервација при уплата на аранжманот)
  • Крстарење со брод по Сена 15 евра
  • Дизниленд
  • Посета на Лувр 37 евра (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот)
  • Патничко осигурување 300 денари
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро 14,1 евро

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Москва и Санкт Петербург

Сигурна реализација

Париз

Сигурна реализација

Берлин

Сигурна реализација

Милано

Сигурна реализација