05. Март (Четврток) СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:50 часот. Полетување за Рим во 17:20 и слетување во 18:55 часот. Трансфер до хотелот со панорамско разгледување на градот: Аурелијановите ѕидини, Каракалините терми, Циркус Максимус, Палатино, Константиновата Арка, Базиликата Св.Јован Латенарски, Диоклецијановите терми, Плоштадот на Републиката... Сместување во хотелот. Ноќевање.
06. Март (Петок) РИМ
Појадок. Прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Пантеон... Прошетката продолжува со посета на Плоштадот на Народот, Шпанските скали познати како "дневна соба на градот" и Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.
07. Март (Сабота) ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар... Попладнавна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Транстевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
08. Март (Недела) РИМ - ТИВОЛИ – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 20:15 и слетување во 21:50 часот.
За уплата до 31 Јануари цената е 229 евра
Редовна цена на аранжманот е 279 евра