Рим, Неапол и Соренто

Опис на патувањето

Соренто го нарекуваат сончевиот град, гордо распоространет на висока карпа, со неверојатен воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив, каде во подножјето свети бистрата тиркизна вода на Тиренското Море. Градот привлекува туристи од целиот свет со единствениот поглед на зајдисонце и опојниот мирис од плантажите со портокали и лимони.

Соренто е град со медитерански дух, преполн со цвеќе и овошје, а, заштитен знак е лимонот, од кој се прави традиционалниот ликер “limoncello”.

17. Април (Петок) СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:30 часот. Полетување за Рим во 13:00 и слетување во 14:35 часот. Трансфер до хотелот со панорамско разгледување на градот: Аурелијановите ѕидини, Каракалините терми, Циркус Максимус, Палатино, Константиновата Арка, Базиликата Св.Јован Латенарски, Диоклецијановите терми, Плоштадот на Републиката... Сместување во хотелот. Ноќевање.

18. Април (Сабота) РИМ - ВАТИКАН

Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар... Попладнавна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

19. Април (Недела) РИМ - ТИВОЛИ

Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Попладневна прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Колосеумот, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Римскиот Форум, Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Пантеон... Прошетката продолжува со посета на Плоштадот на Народот, Шпанските скали познати како "дневна соба на градот" и Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Ноќевање.

20. Април (Понеделник) РИМ - НЕАПОЛ ПОМПЕЈА - СОРЕНТО

Појадок. Организиран превоз до Неапол, еден од најубавите градови во Европа. Разглед на историскиот центар на градот под заштита на Унеско, Кралската Палата, Тврдината, Театарот Сан Карло – најстарата активна опера во Европа. Слободно време за ручек и вкусување на едно од омилените јадења во светот, Пицата. Факултативна посета на археолошкото наоѓалиште Помпеја, најпознатато и најдобро зачувано од времето на античкиот Рим. Градот е потполно уништен од силната ерупција на Везув во 79-та година кога лава го прекрила целиот град, го “конзервирала” и случајно е откриен многу векови подоцна. На тој начин е сочувана единствената слика на архитектурата на еден од најбогатите градови на древната империја: форуми, храмови, театри и голем број вили... Патувањето продолжува покрај вулканот Везув кој доминира над целиот Неаполски залив, на височина од 1.120 метри. Пристигнување во Соренто во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.

21. Април (Вторник) СОРЕНТО - АМАЛФИ

Појадок. Прошетка низ историскиот центар со тесни улички преполни со кафичи и ресторани, продавници со сувенири и производи од кожа. Најубавата слика се добива со факултативната посета на околината: брегот Амалфи со познатите бисери Позитано, Равело и Амалфи. Прошетката се одвива по спектакуларната ривиера со остри ридови, тесни патишта, чудна вегетација, мали рибарски места и сликовити градови. Позитано е мал град, а на секој чекор величенствен, познат по отмените вили како вградени во брдото кои каскадно се спуштаат до морето. Патот продолжува до Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван целиот брег. Градот е бисер на средновековната архитектура со тесни кривулести улици, типични за овој дел на италијанскиот брег. Патувањето продолжува до Равело, место познато по концертите на класична музика посветени на Ричард Вагнер, кои се одржуваат на отворениот театар со прекрасен панорамски поглед на салернитанскиот залив... Ноќевање.

22. Април (Среда) КАПРИ

Појадок. Факултативниот излет до монденското место започнува во утринските часови од пристаништето Marina Piccola. По половина час пловидба со хидроглисер по Неаполскиот залив покрај брегот на Соренто, се стигнува до најпознатиот остров на медитеранот Капри. Островот е долг седум, а широк три километри. Капри бил летна резиденција на многу имератори и засолниште на многу познати сликари и писатели, а, денес е монденско летувалиште со многубројни гламурозни излози на најпознатите светски модни креатори. Слобоно време за уживање до попладневното враќање во Соренто. Ноќевање.

23. Април (Четврток) СОРЕНТО НЕАПОЛ – СОЛУН - СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот во Неапол. Полетување за Солун во 11:55 часот и пристигнување во 14:25 часот. Организиран трансфер до Скопје.

За уплата до 12 Март цената е 699 евра

Редовна цена на аранжманот е 799 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација Скопје-Рим и Неапол-Солун со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Сместување во Хотел 4* во поширокиот центар на Рим на база 3 ноќевања со појадок
  • Сместување во Хотел 3/4* во Соренто на база 3 ноќевања со појадок
  • Организирани трансфери според програмата
  • Организирани разгледи на Рим, Неапол и Соренто
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж или куфер за чекирање
  • Туристичка такса за Рим 6 евра на ден и за Соренто 3 евра на ден (се плаќа во хотелите)
  • Факултативни излети: Посета на Ватикан со локален водич, превоз, резервација и влезница 50 евра, Тиволи 50 евра, Прошетка по Алмалфи брегот,Екскурзија до островот Капри, Влезници за Помпеја и Везув
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Kарти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување 450 денари

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Андалузија

Бисерите на Шпанија

Мадрид

Толедо

Неапол и Соренто

Неапол, Соренто и Помпеја

Москва и Санкт Петербург

Раскошна Русија