Санторини

Опис на патувањето

09. Октомври (Среда) СКОПЈЕ – ПИРЕА         

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15.30 часот. Се патува преку граничен премин Богородица со попатни паузи.

10. Октомври (Четврток) ПИРЕА - САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07.25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15.30 часот. Трансфер со автобус од пристаниште до хотел и сместување. Информативен состанок за презентација и уплата на факултативните излети. Слободно време. Ноќевање.

11. Октомври (Петок) САНТОРИНИ

Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачува до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе се види и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе има можност да се капете во термалните води. Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе се видат двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини. Екскурзијата продолжува со посета на главниот град Фира, до каде се искачува пеш, со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

12. Октомври (Сабота) САНТОРИНИ         

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI. Посета на селцето Акротири, црвената плажа каде што има можност за фотографирање на импресивната плажа. Прошетката продолжува кон автентичните живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио... кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани. Потоа, се оди во Oia (Иа) од каде се гледа најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ тесните улички со бели црквички со сини куполи. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

13. Октомври (Недела) САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винарија со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина. Во 14.00 часот трансфер до пристаниште. Бродот испловува во 15.30 и пристигнува во Пиреа во 23.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во утринските часови наредниот ден.

За уплата до 31 Август цената е 175 евра

Редовна цена на аранжманот е 195 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Пиреа – Скопје
  • Трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • Трансфер пристаниште – хотел - пристаниште
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 2*/3* во Камари / Периса
  • Организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Факултатувни излети и програми
  • Full day Santorini – 35 € (превоз + водич)
  • Влезница на вулканот 2,5 евра
  • Kaldera morning -( крстарење со брод +водич-влезница за вулканот)35 €
  • Жичара или магаре до Фира 6 €
  • Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј (превоз+влезница за винарија+водич) 16 €
  • Грчка вечера со музика
  • Кабина на брод 6.200 денари
  • Авионско седиште на брод 4.000 денари
  • Еднокреветна соба 2.000 денари
  • Задолжително патничко осигурување 
  • Туристичка такса ( 4.5 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Милано

Сигурна реализација

Париз

Сигурна реализација

Берлин

Сигурна реализација

Москва и Санкт Петербург

Сигурна реализација