Шпанија - програма на патување

Опис на патувањето

Ш П А Н И Ј А

Италија Франција

Автобус / 14 дена / 9 ноќевања

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала” , со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум, Маринеленд… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар на Коста Брава – ЛОРЕТ ДЕ МАР. Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.

Пакет аранжман со АВТОБУС

Термини: 29 Maj / 5, 12, 19, 26 Јуни / 3, 10, 17, 24, 31

Јули 7, 14, 21, 28 Август / 4, 12 Септември

1. Ден (Среда) СКОПЈЕ - МИЛАНО

Состанок на групата во 13.00ч. на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 13.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

2. Ден (Четврток) МИЛАНО

Пристигнување околу пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

3. Ден (Петок) МИЛАНО – ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. Слободно предпладне. Предлагаме факултативна посета на “Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби а денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата, од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици, прошетка низ прочуениот Замок “Sforca”(метро). Патувањето продолжува кон Шпанија покрај Генова, Вентимиља, Сан Ремо, Ница, Перпињан со попатни паузи. Ноќно возење.

4. Ден (Сабота) ЛОРЕТ ДЕ МАР 

Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч. Ноќевање.

4 – 11 Ден ЛОРЕТ ДЕ МАР

Престој на база 7 ноќевања со појадок, 7 полу пансиони, 7 полни пансиони во одбрана категорија на хотел. За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: Барселона, забавниот парк Порт Авентура, музејот на Салвадор Дали со Емпуриа Брава, Фламенко, Витешки борби, Аквариум, Пакет дискотеки и др.

11. Ден (Сабота) ЛОРЕТ ДЕ МАР – НИЦА

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден. Предлагаме факултативно – Барселона Меџик и Шопинг + следење на спектаклот на магичната фонтана – незаборавно! Поаѓање за Ница во 23.00 ч. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.

12. Ден (Недела) НИЦА

Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Предлагаме факултативно посета на Кан и Грас. Кан, познат со својата прочуена Кроасета, филмска палата, луксузните хотели, стариот град Sike со својата тврдина и Готска црква.Слободно време. Потоа ве водиме во центарот на светската парфемска индустрија, сместена во идиличното место Грас. Посета на најголемата и најпозната парфимерија FRAGONARD. Попладне сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта прошетка низ стариот дел на градот: плоштадите Масена, Солеја, атедралата, палатата на правдата. Ноќевање.

13. Ден (Понеделник) НИЦА - МОНАКО – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите. НЕ ПРОПУШТАЈТЕ целодневен факултативен излет: МОНАКО: Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океаногравскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички. Потоа шетаме покрај пристаништето на Монако, се движиме по патеката на Формула 1. Ја посетуваме Јапонската ботаничка градина, авенијата на луксузни автомобили. Слободно време за капење на плажата Ларвото. Потоа одиме во Монте Карло да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и прочуени Казина. Слободно време за индивидуални прошетки и посети на Казина. Во приквечерните часови, поаѓање кон Скопје (за патниците кои не одат на излет, поаѓањето е во договорено време со водичот од железничката станица во Ница).

14. Ден (Вторник) СКОПЈЕ

Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНОВНИК ШПАНИЈА 2019

 

FORTUNA PROGRAMA 3*

 

 

LLORET DE MAR

 

 

 

 

 

                               

50-500 м.од плажа  

ФОРТУНА 3*

MАЈ

ЈУНИ

ЈУЛИ

АВГУСТ

СЕПТ

ПОЛУПАНСИОН

29

5

12

19

26

3

10

17

24

31

7

14

21

28

4

11

По ЛИЦЕ во 1/2 соба

419

419

419

469

499

519

549

549

559

559

569

569

539

469

449

429

3-то и 4-то. ЛИЦЕ

389

339

339

429

459

469

499

499

519

519

529

529

479

409

399

389

Прво и второ дете 2-10 г.

339

339

339

359

379

379

399

399

429

429

429

429

389

349

349

329

Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ:30 евра возрасни/ 20 евра деца

 

 

 

  

FORTUNA PROGRAMA 4*                                                               LLORET DE MAR

 

50-500 м.од плажа

ФОРТУНА 4*

MАЈ

ЈУНИ

ЈУЛИ

АВГУСТ

СЕПТ

ПОЛУПАНСИОН

29

5

12

19

26

3

10

17

24

31

7

14

21

28

4

11

По ЛИЦЕ во 1/2 соба

459

459

469

499

549

549

589

589

649

649

649

649

569

489

489

469

3-то и 4-то. ЛИЦЕ

419

419

429

459

489

489

519

519

559

559

559

559

499

449

449

429

Прво и второ дете 2-10 г.

349

349

359

369

389

389

409

409

439

439

439

439

399

359

359

349

Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ:40 евра возрасни/ 30 евра деца    

Доплата за еднокреветна соба 50%

 

 

 

 

 

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео
  • 7Н, 7 НП , 7ПП или 7ПА во Лорет де Мар во одбрана категорија на хотел и термин
  • 1НП на Азурен брег хотел (Ница/Кан) хотел со 2*/3*
  • 1НП во Милано / околина, во хотел со 2*/3*
  • Наш претставник во Лорет Де Мар
  • Организација и туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување
  • Туристичка такса во Ница 125 денари по лице (се плаќа во Агенција)
  • Туристичка такса во Милано 300 денари по лице (се плаќа во Агенција)
  • Туристичка такса Шпанија од 0,5 – 1 евро по лице на ден во зависност од категоријата на хотелот (се плаќа на рецепција во хотел)
  • Факултативни излети
  • Девизен дел: 25 евра се плаќаат на водичот за трошоци на аранжманот на шпанската локална агенција. (Деца од 2 до 12 години плаќаат по 10 евра, а излетот Монако за деца од 2 до 12 е ГРАТИС)

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

  • Милано (вклучен метро/транвајска карта) Кан, Монако
  • Барселона – разглед, Барселона – шопинг, магични фонтани, камп ноу, аквариум, музеј Дали, Фигерас и Емпуриабрава, фламенко, витешки борби, Порт а Вентура забавен парк, Коста брава тура, пакет дискотека
  • Влезниците за излетите се плаќаат на лице место и не се вклучени во цената на излетот, освен каде што е наведено

 

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ