Швајцарија

Опис на патувањето

9. Март (Петок) СКОПЈЕ – ФРИДРИХШАФЕН – ЛИХТЕНШТАЈН – ЦИРИХ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Швајцарија (Фридрихшафен) во 12:50 часот. Слетување во 15:05 часот. Организиран трансфер до Цирих. Попатно, посета на Лихтенштајн – малото и богато војводство, кое, притиснато меѓу Австрија и Швајцарија, се развило во светски банкарски центар. Разгледот на главниот град Вадуз ги опфаќа: Парламентот, Музејот на уметноста, Поштенскиот музеј, зградата на Владата на Лихтенштајн, Замокот Вадуз... Пристигнување во Цирих и сместување во хотел. Ноќевање.

10. Март (Сабота) ЦИРИХ – ЛУЦЕРН    

Појадок. Разглед на Цирих, најголем град по број на население и по површина, најголем банкарски центар, најпознат универзитет, најголем аеродром и железничка станица... Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Железничката станица, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот... Во попладневните часови препорачуваме факултативен излет во Луцерн, прошетка по дрвениот мост Kapellbrücke, кој со оригиналната кула е еден од симболите на градот, градските ѕидини со Саат кулата чиј часовник отчукува една минута пред полн час, музејот на композиторот Ричард Вагнер, модерниот повеќенаменски објект KKL – Конгресен и уметнички центар во кој е сместена концертната сала со извонредна акустика и Уметнички музеј, Споменикот на Лавот од Луцерн – посветен на швајцарските гардисти кои настрадале во палатата Тиелери во Париз во 1792 година... Враќање во Цирих. Ноќевање.

11. Март (Недела) ЦИРИХ – БЕРН – ЛОЗАНА

Појадок. Заминување за Лозана. Попатно, посета на главниот град на Швајцарија – Берн, чиј стар дел е ставен на листата на УНЕСКО, како светско културно наследство. Вистинско задоволство е да се прошета по пешачките улици, покриени со аркади, украсени со фонтани, саат кули и други импресивни објекти. Меѓу нив посебно привлечни се Bundeshaus – Сојузната палата (Собрание) на Швајцарија и плоштадот пред неа, Einsteinhaus, Kramgasse 49, во која живеел Алберт Ајнштајн додека работел во Швајцарскиот центар за патенти, Zytglogge, саат кулата од 13 век, Дувлото на мечките, симбол на Берн... Пристигнување во Лозана во вечерните часови. Ноќевање.

12. Март (Понеделник) ЛОЗАНА – МОНТРЕ – ШИЛОН – ЖЕНЕВА

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет на замокот Шилон, кој е најпосетуван објект во Швајцарија. Се наоѓа на самиот брег на Женевското езеро, кој во минатото служел за собирање царина/даноци од минувачите и трговците кои оделе за Италија. На помалку од десет километри оддалеченост се наоѓа монденскиот град Мотре – познат како град на џезот и музичарите. По кејот на Женевското езеро вниманитето го привлекува споменикот на познатиот пејач Фреди Меркјури. Патувањето продолжува за Женева. Разглед на Женева, еден од најголемите центри на меѓународната дипломатија. Во него се наоѓа Палатата на нациите во која е сместено седиштето на ООН, Меѓународниот комитет на црвениот крст, Светската трговска организација... Во Женева е и седиштето на протестантската црква, односно на Калвинистите, поради што ја нарекуваат „Протестантски Рим“. Женева е атрактивна дестинација и затоа што во Женевското езеро се наоѓа Jet d'Eau – воден млаз кој водата ја исфла во височина до 140 метри, Цветниот часовник, истекот на реката Рона, островчето Русо, Катедралата Свети Петар, Паркот на реформаторите, Градската куќа во стариот дел на градот... Враќање во хотел во Лозана. Ноќевање.

13. Март (Вторник) ЛОЗАНА – БАЗЕЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Разглед на Лозана – седиште на Меѓународниот олимписки комитет, на Олимпискиот музеј и најмал град во светот во кој постои метро (подземна железница). На ридот, во стариот дел на градот доминира Катедралата и Камбанеријата од која веќе шест века, „чуварот“ на секој час испукува плотун. Внимание привлекува и протестантската црква. Заминување за Базел. Пристигнување во Базел и предвидена пауза од околу два часа. Организиран трансфер до аеродромот во Фридрихшафен. Полетување за Скопје во 21:45 часот. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

За уплата до 07 Февруари цената е 399 евра

За уплата до 10 Февруари цената е 429 евра

Редовна цена на аранжманот е 459 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

 

  • Авионски превоз: Скопје – Фридрихшафен и Базел – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23см со максимум 10 кг)
  • Сместување во Хотел Messse Airport 2* во Цирих на база 2 ноќевања со појадок
  • Сместување во Хотел  Ibis Crissier 3* во Лозана на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Лихтенштајн, Цирих, Лозана, Берн според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 4.900 денари
  • Туристичка такса 750 денари
  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20 кг) 3.300 денари
  • Факултативна посета на Луцерн 50 евра
  • Факултативна посета на Монтре, замокот Шилон, Женева 75 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 25 патници.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 лица. За факултативните излети потребна е пријава и уплата во агенција како би се направиле навремени резервации.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Истанбул

Нова Година

Банско

Нова Година

Дубаи

Градот на раскошот

Карневал во Венеција

Сигурна реализација