Софија

Опис на патувањето

Хотелот e на локација која овозможува брз пристап до центарот на Софија, како и до Музејот на национална историја, Бојанската црква која датира од 1259 година која е под заштита на УНЕСКО и националниот парк Витоша. Хотелот располага со соби кој се модерно и стилски уредени и сите имаат поглед кон градот или кон планината Витоша. Нуди бесплатен бежичен интернет. Виски барот е идеално место за ноќни забави и дружења.                                                                                                                                               

30. Декември (Недела) СКОПЈЕ - СОФИЈА

Состанок на групата во 06:00 часот и тргнување за Софија. Патување со попатни паузи. Пристигнување во Софија и организиран разглед на градот со локален водич: градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата… Сместување во хотел. Можност за организирана предновогодишна забава во механа. Ноќевање.

31. Декември (Понеделник) СОФИЈА

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Дочек на Нова 2019 Година во Софија на некој од плоштадите или во дискотека (факултативно).

01. Јануари (Вторник) СОФИЈА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот во 10:30 часот. Организиран шопинг во Paradise Center, Ikea, Ring Mall и Decathlon. Во 17:00 часот поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

За уплата до 20 Ноември цената е 75 евра.

Редовна цена на аранжманот е 80 евра. 

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во Хотел Феста Софија 4* во Софија на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на градот со локален водич
  • Организирана посета на Paradise Center, Ikea и Ring Mall
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Патничко-здравствено осигурување
  • Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања
  • Предновогодишна забава во механа
  • Дочек на Нова Година во дискотека

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Берлин

Сигурна реализација

Милано

Сигурна реализација

Истанбул

Нова Година

Софија

Нова Година