Стразбур

Опис на патувањето

18. Мај (Сабота) СКОПЈЕ - БАДЕН БАДЕН - СТРАЗБУР

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Баден Баден во 05:55 и пристигнување во 08:15 часот. Попатна прошетка до Баден-Баден, место кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и претставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бањски туризам. За неговото славно минато сведочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и три километри долгото шеталиште. Пристигнување во Стразбург во пладневните часови и сместување во хотелот. Можност за крстарење по каналите на Стразбур. Ноќевање.

19. Мај (Недела) СТРАЗБУР

Појадок. Разглед на Стразбур, град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: Катедралата Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Ноќевање.

20. Мај (Понеделник) СТРАЗБУР - РИКВИР - КОЛМАР

Појадок. Организиран превоз до Колмар, со попатна посета на селото Риквир, едно од најубавите села во Франција, со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се Кулата на северната капија од 13-ти век, Црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Пристигнување во Колмар во попладневните часови и сместување во хотелот. На влезот на гратчето се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар Фредерик Бартолди. Прошетка низ градчето, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува и мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот со Црквата Свети Мартин, Доминиканската црква, Куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден... Ноќевање.

21. Мај (Вторник) КОЛМАР – БАЗЕЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време до поаѓањето за Базел. Организирана пешачка прошетка низ стариот дел на градот: Минстер Катедралата, Kunstmuseum, Pfalz терасата со преубав поглед на Рајна, плоштадот Marktplatz so седиштето на владата и парламентот на Базел, Mittlere мостот... Трансфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 21:55 часот и слетување во 00:05 часот.

За уплата до 03 Мај цената е 299 евра

Редовна цена на аранжманот е 349 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски билет на релација Скопје - Баден Баден и Базел - Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
  • Сите трансфери по програмата со автобус
  • Сместување во Хотел 3* во центарот на Стразбур на база 2 ноќевања со појадок
  • Сместување во Хотел 3* во центарот на Колмар на база 1 ноќевање со појадок
  • Организиран разглед на Стразбур, Риквир, Колмар и Базел
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 3.700 денари
  • Доплата за уште 1 торба за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 1.000 денари
  • Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 2.700 денари
  • Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 3.600 денари
  • Туристичка такса 15 евра (се плаќа во агенција)
  • Крстарење по каналите на Стразбур 19 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко - здравствено осигурување 250 денари

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Галерија

Препорачуваме

Рим

Ватикан и Тиволи

Милано

Лугано и Комо

Москва и Санкт Петербург

Раскошна Русија

Рим

Ватикан и Тиволи