Карневал во Венеција

Опис на патувањето

03. Март (Недела) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:25 часот. Полетување за Венеција (Тревизо) во 13:00 и слетување во 14:45 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат - кула, Мостот на воздишките... Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.

04. Март (Понеделник) МУРАНО - БУРАНО - ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Враќање во хотел во попладневните часови. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Ноќевање.

05. Март (Вторник) ВЕРОНА

Појадок. Факултативна посета на Верона - позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот.. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

06. Март (Среда) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот во Тревизо. Авионот за Скопје полетува во 15:15 часот. Пристигнување во Скопје во 16:55 часот.

За уплата до 21 Јануари цената е 199 евра.

Редовна цена на аранжманот е 249 евра.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација Скопје -Венеција (Тревизо) - Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
  • Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Lugano 4* во Местре/Маргера на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Венеција
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 2.980 денари
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 50х40х23cm (со максимум 10kg) 600 денари
  • Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 1.300 денари
  • Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 1.900 денари
  • Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 35 евра
  • Посета на Верона 45 евра
  • Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Виена и Братислава

Сигурна реализација

Истанбул

Нова Година

Краков

Нова Година

Банско

Нова Година