Виена и Братислава

Опис на патувањето

15. Март (Петок) СКОПЈЕ - БРАТИСЛАВА ВИЕНА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:30 часот. Полетување за Братислава во 13:05 и слетување во 14:45 часот. Трансфер до Словачката престолнина Братислава. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт. Трансфер до Виена и панорамски разглед на градот: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта... Сместување во хотелот. Ноќевање.

16. Март (Сабота) ВИЕНА

Појадок. Прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург кој бил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател... Слободно време за ручек со “вистинска” виенска шницла. Прошетката продолжува по познатата улица Mariahilferstrasse, можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со “melange” кафе и захер торта. Ноќевање.

17. Март (Недела) ВИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Трансфер до аеродромот во Братислава. Полетување за Скопје во 15:35 и слетување во 17:05 часот.

За уплата до 30 Јануари цената е 177 евра.

Редовна цена на аранжманот е 199 евра.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Организиран трансфер до Виена од аеродромотот до хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Austria Trend Ananas 4* во центарот на Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • Разгледување на Братислава и Виена според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 2.980 денари
  • Пешачка прошетка во Виена со локален водич 15 евра
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 50х40х23cm (со максимум 10kg) 600 денари
  • Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 1.200 денари
  • Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 2.200 денари
  • Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во агенција)
  • Посета на Шенбрун со вклучена влезница 35 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување 200 денари

Напомени

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Галерија

Препорачуваме

Виена и Братислава

Сигурна реализација

Дубаи

Градот на раскошот

Карневал во Венеција

Сигурна реализација

Краков

Нова Година