Вила Филоксенија 2

Опис на патувањето

Лефкада

Куќа „Филоксенија 2“ е лоцирана, централно во Никијана, на 150-200 метри од „Филоксенија 1“. Оддалечена околу 80 метри од најблиската плажа. Апартманите содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), бесплатен интернет, тераса. Има паркинг и мал двор.

Куќи “Filoxenia”, “ Pension Holidays”

Термин

Ноќевања

1/2 стд

1/3 стд

1/4 стд

1/4 апп

1/6 дуплекс апп

4 јуни

9

249

269

289

309

335

13 јуни

9

299

329

349

369

399

22 јуни

9

349

369

389

409

435

1 јули

9

399

439

469

489

529

10 јули

9

435

475

515

545

589

19 јули

9

495

555

595

625

689

28 јули

9

495

555

595

625

689

6 август

9

495

555

595

625

689

15 август

9

495

555

595

625

689

24 август

9

445

485

525

555

599

2 септем.

9

299

329

349

369

399

11 септември

9

249

269

289

309

335

20 септември

10

199

219

239

259

285

 

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)

Напомени

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари. Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата
  • Термините во табелите се денови на тргнување од Скопје во 23.00 часот, состанок на групата во 22.30 часот (на паркингот спроти хотел “ Холидеј Ин”), аранжманот започнува следниот ден
  • Цена по лице за превоз: возрасни 3.100мкд. (50 евра), деца до 12 години 2.170мкд. (35 евра)
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција

За овој аранжман важат општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ